Тој вистински ја вреднува Стражарска кула
„Иако сум римокатолик“, напишал еден ученик од шесто одделение од Толидо (Охајо, САД), „би сакал претплата на вашето добро списание. Тревор беше тој кој ме заинтересира за Стражарска кула. Тој седи до мене во класот. Пријатели сме веќе околу една година и тој ме научи многу работи за Исус, за Јехова и за Јеховините сведоци.
Тревор е на моја возраст, моја висина е и е многу предаден на својата религија. Тој е претплатен на Стражарска кула и ми позајми едно од неговите списанија. Ми се допаднаа разумните статии кои ги пишувате. Се надевам дека ќе го превидите фактот што не сум Јеховин сведок и ќе ми дозволите да добијам претплата на вашето списание.“
Стражарска кула и неговото придружно списание Разбудете се! со уживање ги читаат луѓе од многу националности и религии по целиот свет. Само минатата година, преку 900 милиони примероци на тие две списанија беа печатени на преку 120 јазици!
И Вие ќе извлечете корист од редовното читање на Стражарска кула и Разбудете се! Ако сакате да имате примерок или бесплатна домашна библиска студија, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п.ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.