ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/5 стр. 28
  • Кога ќе рикне лавот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе рикне лавот
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Зошто го прават тоа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Даниел во лавовска јама
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јазикот на дивината — тајните на комуникацијата меѓу животните
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 1999
g99 8/5 стр. 28

Кога ќе рикне лавот

ЛАВОВИТЕ се познати по нивната единствена вокална способност да испуштаат гласен рик кој може да се чуе на километри. Рикањето на лавот се смета за еден од „најимпресивните природни звуци“. Лавовите обично рикаат кога се стемнува и кога се разденува. Рикаат и мажјаците и женките, а понекогаш целата дружина заедно го подига својот глас во еден заеднички рик.

Научниците кои ги проучуваат лавовите укажуваат дека со рикањето се постигнуваат неколку работи. Мажјаците лавови рикаат за да ги разгласат своите територијални граници и, како израз на агресија, да ги предупредат другите лавови мажјаци кои можеби навлегле на нивната територија. Прикладно е што Библијата се осврнува на агресивните, горди и алчни асирски и вавилонски владетели како на „лавче“ што рика, кое жестоко му се противело и го проголтало Божјиот народ (Исаија 5:29; Јеремија 50:17).

Рикањето им овозможува на членовите на дружината да се пронајдат кога ги дели далечината или темнината. После некој улов, ваквото вокализирање ги предупредува другите членови на дружината за местото каде што ги чека оброкот. Осврнувајќи се на оваа карактеристика, Библијата забележува: „Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?“ (Амос 3:4).

Изненадува тоа што, кога ловат диви животни, лавовите не го користат рикањето како ловечка стратегија за да го уплашат својот плен. Во својата книга The Behavior Guide to African Mammals (Водич за однесувањето на африканските цицачи), Ричард Естез забележува дека „нема показател дека лавовите намерно рикаат за да го втераат пленот во заседа (во моето искуство животните кои се плен обично го игнорираат рикањето на лавот)“.

Тогаш, зошто Библијата се осврнува на Сатана како на „лав што рика и бара некого да проголта“? (1. Петрово 5:8). Иако изгледа дека дивите животни не се плашат од рикањето на лавот, ова не е случај со човекот и со домашните животни. Застрашувачкиот звук на рикањето на лавот, кој одекнува во темнината на ноќта, би го уплашил и преплашил секого кој не е на сигурно зад затворена врата. Многу одамна било точно забележано: „Кога ќе зарика лав, кој е тој што нема да трепне?“ (Амос 3:8).

Сатана вешто го користи стравот за да ги заплаши луѓето да му бидат подложни. За среќа, Божјиот народ има силен сојузник. Со силна вера во Јеховината поддршка, тие можат успешно да му пружат отпор на овој силен „лав што рика“. Христијаните се охрабрени ‚да му се спротивстават со тврда вера‘ (1. Петрово 5:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели