Зошто го прават тоа?
СЕКОЈА година, Јеховините сведоци ширум светот се собираат на илјадници на конгресите. Таму уживаат во заедништвото и слушаат извонредна програма од библиска поука. Некои прават огромни напори за да присуствуваат на овие конгреси. На пример, минатата година, една брачна двојка од Малави во своите 60-ти години, заедно со својот син и неговата сопруга и бебето, патувале 80 километри со велосипед за да присуствуваат на еден конгрес. Од своето село заминале во шест изутрината и на конгресната парцела пристигнале после 15 часа.
Во Мозамбик, една група патувала три дена со велосипед за да стигне на еден конгрес. Една ноќ, додека логорувале под ведро небо, чуле како близу нив рикаат лавови. Иако мавале со дрвата за оган во правец на животните, лавовите останале наоколу сѐ до разденување. Еден друг Сведок кој патувал до истиот конгрес, на патот се соочил лице в лице со еден лав. Стоел мирно без да се помрдне сѐ додека лавот не си заминал. На конгресот овие Сведоци весело раскажувале како биле ‚избавени од устата на лавот‘ (2. Тимотеј 4:17).
Многу Јеховини сведоци прават огромни напори за да присуствуваат на конгресите или дури и на седмичните собраниски состаноци за обожавање. Зошто? Следниве статии ќе ти помогнат да разбереш зошто заедничкото собирање е толку важно.