ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/3 стр. 31
  • Европско здравје и безбедност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Европско здравје и безбедност
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Како некои даваат прилози за делото на проповедање за Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • „Откаде доаѓаат тие пари?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дарителот на „секој добар дар“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Задржи библиско гледиште за здравјето и лекувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Разбудете се! 2000
g00 8/3 стр. 31

Европско здравје и безбедност

Од дописникот на Разбудете се! во Британија

ВО ГЛАВНОТО седиште на Watch Tower Bible and Tract Society и нејзините 109 канцеларии на подружниците работат повеќе од 16.000 мажи и жени. Некои од овие доброволци се грижат за печатењето, работилниците и одржувањето на машините. Но, каква и да е нивната доделба, тие имаат здрави работни навики со кои го штитат животот и здравјето.

Високите стандарди што ги бара британската подружница во нејзината фабрика во лондонскиот Мил Хил беа признати и од јавноста во 1998, после Европската недела за безбедност и здравје во 1997. На Заедницата ѝ беше предаден кристален пехар на кој беа напишани зборовите „Европска недела за безбедност и здравје — Добитник на наградата за 1997“. Како дојде до тоа да ја добијат оваа реномирана награда?

Во 1994, Watch Tower Society поднесе до Управата за здравје и безбедност (HSE) детална анализа за тоа како да се намали бројот на повреди на ’рбетот на работното место. На крајот на оваа кампања, Заедницата доби потврда од HSE за нејзината поддршка. Во 1996, Заедницата беше замолена да поднесе краток извештај за нејзиниот ангажман на полето на здравјето и безбедноста. Потоа ѝ беше дадена потврда на „Watchtower Bible & Tract Society во знак на признание за нејзиниот скапоцен придонес“ за здравјето и безбедноста.

Следната година, 1997, HSE ја покани Watch Tower да учествува во кампањата за Европско здравје и безбедност. Во доделениот рок Заедницата поднесе детална статија со приложени фотографии, која покажа дека, ако се поврзат поединечни електрични апарати на главниот систем за отстранување прав, правот во дрводелска работилница може да се намали дури и за 90 проценти а честичките дрво за 100 проценти, за трошок помал од 400 долари.

Како резултат на тоа, Заедницата беше меѓу 30-те добитници на награди кои беа поканети да се сретнат со претставници на Европската комисија и британската влада, како и со претседавачот на Комисијата за здравје и безбедност. Кога го подари пехарот со натпис, тој коментираше: „Одлично, Watch Tower!“

[Слики на страница 31]

Наградите што му се доделени на Watch Tower за високите стандарди за здравје и безбедност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели