Историја — треба ли да ѝ веруваме?
„Познавањето на историјата дава . . . чувство дека сме дел од една заедница што постоела со векови долго време пред да се родиме и ќе постои долго време по нашата смрт.“ ПРИРАЧНИК ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА, ОД МАЈКЛ СТАНФОРД.
ДА СЕ ЖИВЕЕ без историја е исто како да се живее без сеќавања. Без историјата, Вие, Вашето семејство, Вашето племе, па дури и Вашата нација би биле како да сте без корени, без минато. Би изгледало како сегашноста да нема никаков темел и како да има мало, па дури и никакво значење.
Историјата може да биде голема ризница на лекции за животот. Таа може да ни помогне да избегнуваме постојано да паѓаме во едни исти замки. Како што тврдел еден филозоф, луѓето кои забораваат на минатото се осудени да го повторат. Познавањето на историјата може да ни помогне да запознаеме минати цивилизации, зачудувачки откритија, фасцинантни луѓе и различни начини на гледање на работите.
Но, бидејќи историјата се занимава со луѓе и настани од далечното минато, како можеме да знаеме дека можеме да ѝ веруваме? За да научиме скапоцени лекции од историјата, тие очигледно мора да се темелат на вистина. А кога ќе ја откриеме вистината, треба да ја прифатиме, иако можеби нема да ни биде секогаш пријатна. Минатото може да биде како градина со кактуси — таа има и убавина и боцки; може и да инспирира и да боцне.
Во следните статии ќе разгледаме некои аспекти на историјата кои можат да ни помогнат да ја одмериме точноста на она што го читаме. Исто така, ќе разгледаме како автентичната историја може да му користи на проникливиот читател.
[Слика на страница 3]
Какви лекции можат да се научат од историјата?
[Слика на страница 3]
Кралицата Нефертити
[Извори на слики на страница 3]
Нефертити: Ägyptisches Museum der Staatlichen Museen Preußischer Kulturbesitz, Berlin
Рамка: Фотографија направена со љубезна дозвола на Британскиот музеј