Нејзиниот извештај оставил силен впечаток
Во текот на последната година од своето школување, Џини, Јеховин сведок од Соединетите Држави, имала убава прилика отворено да зборува за својата религија. „Професорката ни рече на сите во класот дека треба да напишеме матурска писмена работа“, вели таа. „Ѝ реков дека сакам да пишувам за Јеховините сведоци во нацистичките концентрациони логори.“
Професорката ѝ одобрила на Џини да пишува на таа тема. „Имав трема кога дојде време да ја предадам писмената работа и усмено да ја изнесам пред целиот клас“, признава Џини. „Не знаев како ќе реагираат моите соученици и дали ќе ми се смеат.“
Џини го почнала своето излагање со прашањето: „Дали некој знае кој носел Давидова ѕвезда во нацистичките концентрациони логори?“ Сите рекле: „Евреите“. Потоа прашала дали некој знае кој носел пурпурен триаголник. Никој не одговорил. „Им реков дека тоа биле Јеховините сведоци“, вели Џини.
Професорката и класот биле импресионирани од информациите на Џини. „Се зачудија кога дознаа дека Јеховините сведоци можеле да бидат пуштени на слобода едноставно така што ќе потпишеле еден лист хартија со кој се одрекуваат од својата вера“, вели Џини. „Некои од соучениците подоцна ми рекоа дека порано им се исмејувале на Јеховините сведоци, но следниот пат кога некој ќе им дојде на врата, ќе слушаат.“
Џини добила највисока оценка за нејзиниот реферат и излагање. „Не само што добив добра оценка“, вели таа, „туку имав и одлична прилика отворено да зборувам за мојата вера!“
[Слика на страница 30]
На многу Јеховини сведоци им била понудена слобода под услов да го потпишат овој документ со кој се одрекуваат од својата вера
[Извор на слика]
Со љубезна дозвола на Меморијалниот музеј на холокаустот во Соединетите Држави