„Одговор на молитвата“
Овие зборови ги кажала мајката на едно 9-годишно дете во врска со новата книга Учи од Големиот Учител, која беше објавена на еден обласен конгрес на Јеховините сведоци во Ирска. „Ми навреа солзи во очите!“, воскликнала таа. „Особено беше благослов затоа што токму минатава недела бев загрижена бидејќи не знаев точно што да проучувам со син ми“.
„Го молев Јехова“, објаснила жената, „да ми помогне да го поучувам за подлабоките библиски вистини на едноставен и за него привлечен начин, ама не знаев од каде да почнам. Оваа убава книга со прекрасни илустрации дојде како одговор на молитвата“.
Една мајка од Калифорнија (САД) што има пет деца, напишала нешто слично. „Додека се враќавме од конгрес во хотелот“, рекла таа, „моите три најмали деца ја разгледуваа новата книга Учи од Големиот Учител, ја читаа и разговараа за она што им се допаднало во неа“.
Таа забележала: „Едноставно бев пресреќна кога го примив овој подарок од Јехова — се радував исто како да се родило бебе, како да имало свадба, крштавање, предност добиена од Творецот на универзумот. Сигурна сум дека понекогаш нашите солзи радосници му го кажуваат на Јехова, нашиот Татко што многу нѐ сака, она што не може да се искаже само со зборови“.
Можеби и Вие ќе мислите така кога ќе ја разгледате и ќе ја проучите оваа убаво илустрирана книга од 256 страници, голема колку ова списание. Можете да нарачате примерок ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Учи од Големиот Учител.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.