Пушењето не е за мене!
ОВАА тема им била зададена на стотици ученици што учествувале на еден државен натпревар во пишување литературни творби што го организирало Медицинското здружение на државата Мисури во Соединетите Држави. Учествувале околу 675 ученици од 42 училишта. Наградата ја добила 12 годишната Бријана, а нејзината наградена песна била отпечатена во списанието Missouri Medicine што го издава Здружението. Бријана имала прилика и да им ја прочита песната на делегатите што присуствувале на годишниот конгрес на ова Здружение. Пред да ја прочита, Бријана им рекла на присутните:
„Јас сум Јеховин сведок, и сите информации што се во песнава ги зедов од списанието Разбудете се! Всушност, идејата за еден од моите омилени стихови во песната доаѓа од насловната страница на ова издание. На него е прикажан череп со цигара во устата, и пишува: ‚Смрт на продажба‘. Веќе со години, списанието Разбудете се! објавува многу статии во врска со опасностите од пушењето“.
Јеховините сведоци не користат тутун. Тие веруваат дека со намерното користење каков и да е производ што го валка телото се покажува непочитување кон животот како дар, а исто така и кон Творецот (Дела 17:24, 25). Затоа, тие ја следат библиската опомена: „Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ (2. Коринќаните 7:1).
Исто како и другите млади Сведоци, Бријана настојува да живее според библиските начела. Секако дека сите такви млади го радуваат срцето на нивниот Творец (Пословици 27:11).
[Слика на страница 31]
Бријана (сега има 14 години) со својата песна