ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/11 стр. 25-26
  • Кога грижата за изгледот станува опсесија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога грижата за изгледот станува опсесија
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Не дозволувајте светот да влијае врз Вашиот став
  • Убавина што ќе трае
  • Дали да одам на естетска операција?
    Разбудете се! 2002
  • Опасности во потрагата по убавина
    Разбудете се! 2005
  • Зошто премногу се грижам за мојот изглед?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Што ако го мразам својот изглед?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/11 стр. 25-26

Кога грижата за изгледот станува опсесија

КОГА повеќето од нас ќе се погледнат во огледало, гледаат работи што мислат дека би можеле да бидат подобри. Затоа, си ја поднаместуваме облеката или косата или ставаме малку шминка, и тогаш продолжуваме со активностите во денот. Таквата грижа за изгледот е нормална и сосема е на место. Но, некои луѓе претеруваат во грижата за својот изглед, што води до појава на едно нарушување кое лекарите го сметаат за опсесија.

Во The Merck Manual of Diagnosis and Therapy оваа опсесија е дефинирана како „преокупираност со некој недостаток во изгледот, што предизвикува голем немир или влијае врз односите со другите луѓе, вработувањето или врз други важни полиња од животот“.a Оние што го имаат ова нарушување си замислуваат дека имаат некоја маана или преувеличуваат некој мал недостаток, и затоа сметаат дека се грди.

Професорот Џ. Кевин Томпсон од универзитетот во Јужна Флорида, во Соединетите Држави, вели дека ова нарушување веројатно е ретко, „можеби погодува 1—2% од населението и 10—15% од пациентите на психијатрија што не лежат в болница“. Меѓутоа, тој додава: „Некои истражувачи сметаат дека оваа појава е сѐ почеста, бидејќи се подобруваат дијагностичките методи за откривањето на овој проблем и бидејќи луѓето стануваат сѐ попреокупирани со изгледот“. Иако ова нарушување може да се јави кај луѓе на сите возрасти, обично започнува во тинејџерските години. Што се однесува до возрасните, изгледа дека подеднакво е застапено и кај мажите и кај жените. Ваквата ситуација е сосема спротивна од нарушувањата во исхраната, кои многу почесто се јавуваат кај жените.

Ваквата болна преокупираност со изгледот што е типична за луѓе со оваа опсесија обично ги тера пречесто да застануваат пред огледалото и, во некои случаи, дури и да се изолираат од другите луѓе. Што е уште полошо, „немирот и нарушените функции поврзани со оваа опсесија можат да водат до постојани престои во болница и нагон за самоубиство“, се наведува во Merck Manual. Не изненадува тоа што некои заболени одат на пластична операција. „Обично не го препорачувам тоа“, вели д-р Кетрин Филипс, која има напишано книга за ова нарушување. „Операцијата е неповратна“, објаснува таа, „и повеќето луѓе што ја имаат оваа опсесија сметаат дека и онака операцијата немала никаков ефект“.b

Понекогаш, оваа опсесија се јавува на многу рана возраст. Во George Street Journalc се известува за едно 6⁠-годишно дете „што мислело дека има жолти заби, ‚дебел‘ стомак и ужасна фризура. Другите не забележувале ниедна од неговите ‚маани‘. Ја чешлал косата речиси по еден час секое утро, и ако не ја наместел како што треба, ја ставал главата во вода и повторно почнувал да се дотерува, поради што често доцнел на училиште“. Еден ден, кога влегол во ординацијата на лекарот, клекнал за да се види на хромираната површина на столицата.

Не дозволувајте светот да влијае врз Вашиот став

Илустрираните списанија, весниците и телевизиските реклами ги бомбардираат луѓето со тоа како треба да изгледа едно идеално тело. Логиката на рекламерите е многу едноставна: изнесете една извесна слика како мерило и луѓето ќе ги дадат и своите тешко заработени пари само за да изгледаат така. На тоа ќе се надоврзе притисокот од врсниците и неколку непромислени забелешки од семејството или пријателите, и тогаш не е ништо чудно што некои луѓе ќе станат неурамнотежени во врска со својот изглед.d Се разбира, неурамнотежениот став не е исто што и оваа опсесија.

Не е природно и не е исправно да мислите дека, ако не сте убави, другите нема да Ви обрнуваат внимание. Луѓето обично не ги избираат пријателите врз основа на физичкиот изглед. Точно, во почетокот изгледот може да игра некоја улога, но личноста, моралните мерила и вредностите се тие што навистина го градат пријателството. На некој начин секој од нас е како книга — може да има привлечна корица, но ако има здодевна содржина, читателите наскоро ќе ја остават. Меѓутоа, без оглед на корицата, ако книгата е интересна, луѓето ќе ја прочитаат. Затоа, зошто не се фокусирате на своите квалитети како личност? На тоа Ве охрабрува Божјата реч, Библијата (Пословици 11:22; Колошаните 3:8; 1. Петрово 3:3, 4).

Мораме да си признаеме: со годините нашиот изглед се менува. Кога животот, пријателството и среќата би зависеле од младешката убавина, колку само тажна иднина би нѐ очекувала! Сепак, нашата ситуација може да биде многу поинаква. Како е можно тоа?

Убавина што ќе трае

Во Пословици 16:31 стои: „Седите коси се венец на слава; се наоѓаат на патот на правдата“. Во очите на Јехова Бог — и во очите на сите што го имаат неговото гледиште — луѓето што ја дочекуваат староста служејќи му на Бог не ја губат својата убавина. Всушност, поради нивното минато на ревносна и побожна оддаденост, тие ќе ја добијат круната на убавината кога ќе им оседи косата. Таквите скапоцени личности ја заслужуваат нашата љубов и длабока почит (Левит 19:32).

Освен тоа, во претстојниот нов свет што го ветил Јехова, тој ќе ги поништи последиците што ги остава наследениот грев врз сите негови лојални слуги, како старите така и младите. Со секој изминат ден, тие ќе гледаат и ќе чувствуваат како нивното тело се подобрува сѐ додека на крајот не стигнат до врвот на физичката совршеност (Јов 33:25; Откровение 21:3, 4). Колку само возбудлив изглед е тоа! Дали би сакале да бидете меѓу нив? Ако да, тогаш настојувајте да се фокусирате на убавината што е навистина важна, и не дозволувајте плиткото и честопати бездушно размислување на светот да влијае врз Вашиот став. Поради тоа ќе бидете многу посреќна и попривлечна личност (Пословици 31:30).

[Фусноти]

a „Преокупираноста со физичкиот изглед е вообичаен симптом на бројни психички нарушувања“, стои во The Medical Journal of Australia. Во нив спаѓаат депресија, опсесивно-компулзивно нарушување и нарушувања во исхраната, како што е анорексија нервоза. Затоа, можеби нема да е лесно да се дијагностицира ова нарушување.

b Ве молиме, видете ја статијата „Младите прашуваат . . . Дали да одам на естетска операција?“ во изданието на ова списание од 8 декември 2002. Се разбира, на оној што има сериозно психичко нарушување можеби ќе му треба помош од стручњак за ментално здравје.

c Публикација што ја издава универзитетот Браун, на островот Род (САД).

d За повеќе информации, Ве молиме видете го поглавјето „Колку е важен изгледот?“ во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели