ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/10 стр. 2-4
  • Родени за да учиме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Родени за да учиме
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Како да се негува љубов кон учењето
    Разбудете се! 2004
  • Можам ли да постигнам подобар успех на училиште?
    Разбудете се! 1998
Разбудете се! 2004
g04 8/10 стр. 2-4

Родени за да учиме

„Птиците летаат, рибите пливаат, а човекот мисли и учи“ (ЏОН ХОЛТ, ПИСАТЕЛ И ПЕДАГОГ).

НОВОРОДЕНОТО срнче инстинктивно се обидува да се исправи на своите долги, несигурни нозе и да оди по својата мајка. Но, на едно бебе можеби ќе му треба цела година за да прооди. Сепак, луѓето се надарени со навистина зачудувачки мозок што далеку го надминува мозокот на кое и да е животно. Оваа надмоќност се гледа во бескрајната љубопитност на детето и во неговата силна желба да открива и да сознава.

За да ја задоволат таквата љубопитност, нормалните, здрави бебиња го претвораат својот свет во еден вид лабораторија. Само подајте им некој предмет, и тие ќе го проучат со сите свои сетила, вклучувајќи го и вкусот! А експериментите не престануваат тука. Како што му е познато на секој родител, бебињата ги виткаат, силно ги удираат, ги тресат и ги кршат предметите — честопати со уживање — додека се обидуваат да ја разберат и да ја сознаат својата околина.

Желбата на децата за знаење станува уште поочигледна кога ќе прозборат — што само по себе е зачудувачки потфат! Изгледа како преку ноќ децата да се претвориле во знакот прашалник. Од нивните усти како водопад излегуваат бескрајни прашања како што се: ‚Зошто ова?‘ или ‚Зошто она?‘, ставајќи ја на испит стрпливоста на многу родители. „Тие најмногу учат кога ќе ги зафати силна желба и воодушевеност“, рекол авторот Џон Холт.

Потоа, по неколку години, децата во многу земји влегуваат во еден нов свет на учењето — во светот на наставници, учебници, училишни клупи и можеби стотици други деца. За жал, по години школување, голем број млади губат желба да учат на тој начин. За некои училиштето станува дури и место што носи многу стресови и претставува измачување. Можеби извесни предмети или наставници не ги мотивираат. Или, пак, можеби притисокот да добијат добри оценки им создава неподносливи грижи.

Негативните ставови што децата ги стекнуваат кон таквото учење можеби ќе останат и кога ќе станат возрасни, па дури и кога ќе остарат. Затоа, можно е таквите личности да избегнуваат сѐ што е поврзано со длабоко размислување, учење или истражување. Постарите треба да се борат со уште една препрека — верувањето дека со годините автоматски се намалува способноста за учење. Но, како што ќе видиме, тоа не е точно.

Дали сакате да ја зголемите способноста и желбата да учите, без оглед на возраста? Ако сте родител, дали сакате Вашите деца да бидат подобри ученици и да уживаат во учењето додека одат на училиште и откако ќе завршат со школувањето? Ако е така, тогаш Ве молиме продолжете да читате.

[Слика на страница 2]

Децата сакаат да учат

[Слика на страница 3]

За жал, голем број млади на училиште се соочуваат со стресови и грижи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели