Таа го поттикнала да побара Библија
Кога Русија била под власта на комунистичките диктатори, луѓето биле одвраќани од читањето на Библијата. Меѓутоа, во поново време, во таа земја се поделени милиони Библии. Едно писмо што стигнало до подружницата на Јеховините сведоци во Русија открива која е причината за тоа што луѓето повторно се заинтересирани за Библијата. Сергеј, сопруг и татко од Волгоград — голем град што со децении се викаше Сталинград, по советскиот диктатор Јосиф Сталин — објаснува:
„Неодамна на врата ми дојдоа некои луѓе од вашата организација. Учтиво ме прашаа дали верувам во Бог. Јас им реков дека секој човек во извесна мера верува во Бог. Кога им кажав дека имам жена и син, еден од нив бркна во својата чанта, ја извади книгата Тајната на семејната среќа и ми ја даде“.
По некое време Сергеј почнал да ја чита книгата. „Навистина уживав додека ја читав“, раскажува тој. „Очигледно е дека ја пишувале интелигентни, посветени луѓе. Обично сум скептичен во врска со верските здруженија, но мислам дека вие сте чесни луѓе. На крајот од книгата ја најдов вашата адреса.“ Така, Сергеј пратил писмо на таа адреса и побарал Библија.
Начелата од книгата Тајната на семејната среќа се темелат на библиските учења и им помагаат на луѓето да имаат среќен семеен живот. Некои од поучните поглавја се „Воспитувај го своето дете уште од најраното детство“, „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“ и „Зачувај мир во своето домаќинство“.
Книгата Тајната на семејната среќа можете да ја добиете ако го пополните придружниот купон и го испратите на наведената адреса или на соодветната адреса од 5. страница во ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Тајната на семејната среќа.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.