Предупредени од Разбудете се!
РЕДОВНИТЕ читатели на Разбудете се! сфаќаат колкава вредност имаат статиите во него. Но, за еден брачен пар од Германија што биле на одмор во Као Лак (Тајланд) минатиот декември, една статија со наслов „Бранови убијци — митови и вистини“ во изданието на Разбудете се! од 8 мај 2001, била од непроценлива вредност.
Германскиот весник Frankenpost (Selber Tagblatt) извести за доживувањата на овој брачен пар: „,Пливавме‘, се сеќава Розвита Гезел. Потоа, отишле во хотелот да се пресоблечат. Рајнер Гезел ја опишува страшната сцена што ги дочекала кога се вратиле: „Кога по десет минути се вративме на плажата, го немаше морето‘. Сѐ до гребенот, кој е на околу седум километри од брегот, единственото нешто што можело да се види било морското дно. ‚Сите капачи што биле во водата беа однесени на отворено море.‘ Брачниот пар Гезел тоа што преживеале го должат на една статија од списанието Разбудете се!“. Во статијата било објаснето дека на брановите цунами честопати им претходи необично повлекување на плимата.
„Кога брачниот пар Гезел го виделе огромниот бран во далечина, се свртеле назад и почнале да бегаат. Рајнер Газел се сеќава дека водениот ѕид бил висок од 12 до 15 метри. Едно од најстрашните сеќавања му е како другите туристи гледаат зачудено во морето. ‚Само си стоеја. Викав на цел глас да бегаат на безбедно, но никој не се ни помрдна.‘ Речиси никој од нив не преживеал.“
Во врска со овој брачен пар, во статијата уште беше кажано: „Како Јеховини сведоци, за време на својот одмор, тие се дружеле со најблиското собрание кое било 140 километри оддалечено од Као Лак. Кога нивните соверници чуле за катастрофата, целото собрание тргнало накај Као Лак да ги бара“.
Сега, на безбедно во Германија, овој брачен пар е неизмерно благодарен за скапоцените информации од Разбудете се! И неизмерно им се благодарни на Тајланѓаните што им помогнаа, особено на своите духовни браќа кои покажаа вистинска христијанска љубов!