ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/06 стр. 14
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Расте бројот на распаднати бракови во Шпанија
  • Згоеност кај Кинезите
  • Реката укажува на поголема употреба на дрога
  • Смртност што може да се спречи
  • Цигари — дали ги одбивате?
    Разбудете се! 1997
  • Предебели деца — како да им се помогне?
    Разбудете се! 2009
Разбудете се! 2006
g 5/06 стр. 14

Поглед во светот

◼ Во Бразил, користењето на амфетамини за слабеење кои го намалуваат апетитот се зголемило за 500 отсто од 1997 до 2004 година (FOLHA ONLINE, БРАЗИЛ).

◼ Кај пилотите постои трипати поголема веројатност да дојде до појава на катаракта (перде на очите) отколку кај другите, можеби поради зголемената изложеност на космичките зраци (THE WALL STREET JOURNAL, САД).

◼ Во следната деценија, скоро на половина од вкупно 1,27 милијарда деца во Азија нема да им бидат задоволени некои од основните потреби, како што е потребата од чиста вода, храна, здравствена нега, образование и покрив над глава (PLAN ASIA REGIONAL OFFICE, ТАЈЛАНД).

◼ Пасивното пушење е „далеку поопасно отколку што се мислеше“. По 18 месеци откако беше забрането пушење во канцелариите, рестораните и други затворени простории во Пуебло (Колорадо, САД), бројот на случаите на срцев удар се намали за 27 отсто(TIME, САД).

Расте бројот на распаднати бракови во Шпанија

Во 2000 година, во Шпанија биле склучени двапати повеќе бракови отколку што имало одвојувања и разводи. Но, до 2004 година, пропаѓале два од секои три склучени брака. Од 1981 година, кога стапиле на сила закони со кои се дозволувал развод, преку еден милион деца биле сведоци на раздвојувањето на своите родители. На што се должи пропаѓањето на браковите? Според психологот Патриша Мартинез, „нестабилната природа на брачните врски се должи пред сѐ на културните промени, губењето на религиозните и моралните вредности, работењето на жената и на тоа што мажите не помагаат во грижата околу домашните работи“.

Згоеност кај Кинезите

„Во следните 10 години, бројот на луѓе со опасна прекумерна тежина [во Кина] ќе порасне на 200 милиони“, се вели во The Guardian од Лондон. Ресторани за брза храна „има насекаде во многу градови — средната класа станува сѐ поголема и сѐ помалку се движи, а сѐ повеќе се вози и повеќе време поминува пред телевизор, седи пред компјутер и игра видеоигри“. Бројот на деца што се сметаат за дебели расте за 8 отсто секоја година, а во Шангај повеќе од 15 отсто од децата во основно училиште веќе имаат проблем со дебелината.

Реката укажува на поголема употреба на дрога

Примероците на водата земени од италијанската река По укажуваат дека жителите на долината користат далеку повеќе кокаин отколку што покажуваат официјалните проценки, наведува едно истражување за кое се зборува во списанието Environmental Health. Во урината на корисниците на кокаин се лачи бензоилекгонин. Присуството на оваа состојка на кокаинот во човекот честопати се зема како судски доказ дека лицето користело кокаин. Количеството на оваа хемикалијата што влегува во реката преку канализацијата покажува дека околу четири килограми кокаин, или 40.000 дози, се консумираат секој ден во областа околу сливот на реката По — цифра која е 80 пати поголема од претходните проценки.

Смртност што може да се спречи

„Оваа година, скоро 11 милиони деца кои имаат помалку од пет години ќе умрат од причини што во голема мера можеле да се спречат“, наведува Светската здравствена организација во својот извештај за 2005 година. Околу 90 отсто од тие смртни случаи се должат на само неколку причинители: лоши услови при породувањето како, на пример, предвремено породување, инфекции и задушување на бебето при породувањето; инфекции на дишните патишта, главно пневмонија; пролив; маларија; сипаници и ХИВ/СИДА. „Повеќето од овие смртни случаи можат да се избегнат со познати медицински третмани што се едноставни, достапни и делотворни“, се вели во извештајот. Освен тоа, секоја година, над половина милион жени умираат во текот на бременоста или за време на породувањето, главно поради „тоа што не можат да појдат кај оспособени медицински лица“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели