ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 8-9
  • Чекор 7 — цврст темел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекор 7 — цврст темел
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Поделен дом — како влијае разводот врз тинејџерите?
    Разбудете се! 2009
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
  • Радувај се на семејниот живот
    Радувај се на семејниот живот
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 8-9

Чекор 7 — цврст темел

Што значи тоа. Стабилните семејства не опстојуваат автоматски, исто како што една куќа не стои со децении туку-така. Една тврда градба мора да има цврст темел. Истото важи и за цврстите семејства. Успешните семејства се изградени на совети кои се навистина практични.

Зошто е важно. Во книгите, списанијата и на телевизија се даваат безброј совети за семејниот живот. Ако една брачна двојка има проблеми, некои брачни советници би ги поттикнале да останат заедно, други, пак, би им рекле да се разведат. Експертите го менуваат дури и своето сопствено мислење за такви теми. На пример, во 1994 год., една популарна психотерапевтка, која се специјализира за проблеми кај тинејџерите, напиша дека во почетокот на својата кариера сметала дека „на децата им е подобро со самохран родител кој е среќен отколку со двајца родители кои се несреќни. Мислев дека е подобро да се разведеш отколку да си во лош брак“. Но, по две децении искуство, има поинакво мислење. Сега вели: „Разводот уништува многу деца“.

Мислењата се менуваат, но најдобрите совети што постојат секогаш се темелат на начелата од Божјата реч, Библијата. Читајќи ги овие неколку статии можеби забележа дека на страниците 3-8, во горниот десен агол, има по едно библиско начело. Ваквите начела им имаат помогнато на многу семејства да бидат вистински успешни. Нормално, како и сите други семејства, и тие имаат проблеми. Но, разликата е во тоа што, со помош на Библијата, имаат поставено цврст темел за својот брак и за својот семеен живот. Тоа и би го очекувале од Библијата, зашто нејзиниот Автор, Јехова Бог, е оној што го основал семејството (2. Тимотеј 3:16, 17).

Предлог: Направи список со стиховите што се цитирани во горниот десен агол на страниците од 3 до 8. Запиши и други библиски стихови што ти помогнале. Чувај го овој список при рака и често разгледувај го.

Донеси цврста одлука. Биди решен да ги применуваш советите од Библијата во твојот семеен живот.

[Слика на страници 8 и 9]

Ако е изградено на цврст библиски темел, твоето семејство ќе ги издржи „бурите“ што ќе го погодат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели