ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fy погл. 1 стр. 4-12
  • Постои ли тајна за семејна среќа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Постои ли тајна за семејна среќа?
  • Тајната на семејната среќа
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО Е СЕМЕЈСТВО?
  • СЕМЕЈСТВОТО ПОД СТРЕС
  • ТАЈНАТА НА СЕМЕЈНАТА СРЕЌА
  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Радувај се на семејниот живот
    Радувај се на семејниот живот
  • Семејството — човечка неопходност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Да ја споделуваме со другите Тајната на семејната среќа
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Тајната на семејната среќа
fy погл. 1 стр. 4-12

Прво поглавје

Постои ли тајна за семејна среќа?

1. Зошто стабилните семејства се важни за човечкото општество?

СЕМЕЈСТВОТО е најстарата институција што постои на Земјата и тоа игра суштествена улога во човечкото општество. Во текот на историјата, стабилните семејства помогнале да се изградат стабилни општества. Семејството е најдоброто уредување кое служи за подигање деца кои ќе станат зрели, возрасни луѓе.

2-5. а) Опиши каква сигурност чувствува детето во едно среќно семејство. б) За какви проблеми се известува во некои семејства?

2 Среќното семејство е како сигурно и безбедно засолниште. Само за момент претстави си како изгледа едно идеално семејство. За време на вечерата, грижливите родители седат заедно со своите деца и дискутираат за настаните од тој ден. Децата возбудено џагорат додека им кажуваат на татка си и мајка си за она што се случило в училиште. Времето што го минуваат заедно додека се одмараат, ги освежува сите за уште еден ден во надворешниот свет.

3 Во едно среќно семејство, детето знае дека, кога ќе се разболи, татко му и мајка му ќе се грижат за него, можеби на тој начин што во текот на ноќта наизменично ќе бдеат крај неговата постела. Знае дека може да се обрати кај мајка си или кај татка си кога ќе има проблеми во младоста и дека ќе добие совет и поддршка. Да, детето се чувствува безбедно, без оглед на проблемите во надворешниот свет.

4 Кога ќе пораснат, децата обично стапуваат во брак и имаат свои семејства. „Човек ќе сфати колку многу им должи на своите родители дури тогаш кога ќе има свои деца“, вели една ориентална поговорка. Со длабоко чувство на благодарност и љубов, децата кои пораснале се трудат да ги направат среќни своите семејства, но истовремено се грижат и за своите родители кои веќе стареат и кои уживаат во друштвото на внучињата.

5 Можеби токму сега си помислуваш: ‚Јас го сакам своето семејство, но тоа не е како семејството што беше тукушто опишано. Мојот сопружник и јас работиме во различни смени и едвај се гледаме. Најчесто зборуваме за финансиските проблеми‘. Дали велиш: ‚Моите деца и внуците живеат во друг град и ретко имам прилика да ги видам‘? Да, од причини врз кои честопати не може да се влијае, семејниот живот на многумина е сѐ друго само не идеален. Па сепак, некои луѓе живеат во среќни семејства. Како тоа? Постои ли тајна за семејна среќа? Одговорот е ‚да‘. Но, пред да разгледаме која е таа, треба да одговориме на едно важно прашање.

ШТО Е СЕМЕЈСТВО?

6. За какви семејства ќе стане збор во оваа книга?

6 Во западните земји, повеќето семејства се состојат од татко, мајка и деца. Бабата и дедото можеби живеат во свое посебно домаќинство сѐ додека се во можност. Иако се одржуваат контакти и со подалечните роднини, обврските кон нив се ограничени. Во основа, во оваа книга ќе стане збор за таков вид семејства. Меѓутоа, во последниве години стануваат сѐ повообичаени и едни поинакви семејства — семејството со еден родител, семејството со очув или маќеа и семејството во кое од различни причини родителите не живеат заедно.

7. Што е проширено семејство?

7 Во некои култури се вообичаени и проширените семејства. Во ваквото уредување, доколку е можно, децата редовно се грижат за бабата и дедото, но блиските врски и одговорностите се пренесуваат и на далечните роднини. На пример, членовите на семејството можеби помагаат во издршката, подигањето, па дури и во плаќањето за образованието на нивните внуки, внуци или подалечни роднини. Начелата што ќе се разгледуваат во оваа публикација се однесуваат и на проширените семејства.

СЕМЕЈСТВОТО ПОД СТРЕС

8, 9. Кои проблеми што постојат во некои земји, покажуваат дека семејството доживува промени?

8 Денес семејството доживува промени — но за жал, не кон подобро. Пример за тоа е Индија, каде што жената можеби живее со семејството на својот сопруг и работи во домот под надзор на неговите роднини. Меѓутоа, денес не е ништо необично Индијките да бараат вработување надвор од домот. Па сепак, изгледа дека од нив и понатаму се очекува да ја исполнуваат својата традиционална улога во домот. Затоа, во многу земји се наметнува прашањето: ‚Колкава работа во домот, во споредба со другите членови на семејството, треба да се очекува од една жена која е вработена?‘

9 Во источните култури, цврстите врски во проширените семејства се традиционални. Меѓутоа, под влијание на индивидуализмот кој е својствен за Западот и поради стресот од економските проблеми, традиционалното проширено семејство слабее. Затоа, многумина сметаат дека грижата за остарените членови на семејството претставува товар, а не должност или предност. Некои остарени родители се малтретирани. Всушност, малтретирањето и запоставувањето на остарените лица денес може да се сретне во многу земји.

10, 11. Кои факти покажуваат дека семејството во европските земји доживува промени?

10 Разводот станува сѐ повообичаен. Во Шпанија, на почетокот од последната деценија на XX век, секој 8-ми брак завршувал со развод — ненадеен пораст во споредба со стапката на развод пред 25 години, кога се распаѓал секој 100-ти брак. Британија, која според извештаите има највисока стапка на разводи во Европа (од секои 10 брака се очекува 4 да бидат неуспешни), доживува зголемен бран на семејства со еден родител.

11 Се чини дека во Германија многумина потполно се откажуваат од традиционалното семејство. Во 1990-тите години, 35 отсто од германските домаќинства се состоеле само од едно лице, додека 31 отсто се состоеле од две лица. И Французите поретко стапуваат во брак, а оние кои сепак ќе го сторат тоа, се разведуваат не само почесто туку и побрзо отколку што некогаш беше случај. Сѐ поголем број луѓе сакаат да живеат заедно, но без одговорностите на бракот. Слични трендови можат да се видат низ целиот свет.

12. На кој начин децата страдаат поради промените во денешното семејство?

12 Што се случува со децата? Во Соединетите Држави, како и во многу други земји, сѐ повеќе и повеќе деца се раѓаат надвор од брачната заедница, а некои дури и од млади тинејџери. Многу тинејџерки имаат по неколку деца од различни татковци. Извештаите од целиот свет кажуваат за милиони бездомни деца кои талкаат по улиците — многу од нив бегаат од своите домови каде што се злоупотребени или, пак, се избркани од семејствата кои повеќе не можат да се грижат за нив.

13. Кои проблеми што постојат насекаде им ја одземаат среќата на семејствата?

13 Да, семејството е во криза. Не само она што веќе беше кажано туку и побуната на тинејџерите, злоупотребата на деца, насилството кон брачниот партнер, алкохолизмот, како и многу други разорни проблеми, им ја одземаат среќата на многу семејства. За голем број деца и возрасни, семејството ни оддалеку не претставува некакво засолниште.

14. а) Според некои луѓе, кои се причините за семејната криза? б) На кој начин еден правник од првиот век го опишал денешниот свет, и какво влијание врз семејниот живот има исполнувањето на неговите зборови?

14 Зошто семејствата се во криза? Некои сметаат дека денешната семејна криза се должи на тоа што жените стапуваат во работен однос. Други укажуваат на денешниот пад на моралот. Но, наведени се и некои други причини. Пред околу две илјади години, еден познат правник прорекол дека семејството ќе се најде под многу притисоци, кога напишал: „Во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци“ (2. Тимотеј 3:1—4). Кој би се посомневал дека овие зборови се исполнуваат токму денес? Зарем е чудно тоа што во еден свет во кој владеат вакви околности многу семејства се во криза?

ТАЈНАТА НА СЕМЕЈНАТА СРЕЌА

15-17. Според оваа книга, кој авторитет ја има тајната на семејната среќа?

15 Од сите страни се нудат совети за тоа како да се постигне среќа во семејството. На Запад постои еден бескраен прилив од книги и списанија за самопомош кои нудат разни мислења. Но, проблемот е во тоа што човечките советници си противречат еден на друг, а она што претставува актуелен совет денес, веќе утре може да се смета за неделотворно.

16 Според тоа, каде можеме да побараме сигурно водство за семејството? Дали би погледнал во една книга која е комплетирана пред околу 1.900 години? Зарем би помислил дека една таква книга е очајно застарена? Всушност, вистинската тајна на семејната среќа се наоѓа токму во еден таков извор.

17 Тој извор е Библијата. Според сите докази, таа била инспирирана лично од Бог. Во Библијата ја наоѓаме следнава изјава: „Сето Писмо е инспирирано од Бог и корисно за поучување, за укорување, за исправање на работите, за воспитување во праведност“ (2. Тимотеј 3:16, НС). Во оваа публикација ќе ве подбудиме да разгледате на кој начин Библијата може да ви помогне ‚да ги исправите работите‘ кога се справувате со стресовите и со проблемите со кои се соочуваат семејствата денес.

18. Зошто е разумно да се прифати Библијата како авторитет во брачното советување?

18 Ако си склон да ја отфрлиш можноста дека Библијата може да помогне да се создадат среќни семејства, размисли за следново: Оној што ја инспирирал Библијата е Основач на брачното уредување (1. Мојсеева 2:18—25). Библијата вели дека неговото име е Јехова (Осија 12:5). Тој е Творецот и ‚Таткото, кому секое семејство му го должи своето име‘ (Ефесјаните 3:14, 15, НС). Јехова го набљудувал семејниот живот уште од почетокот на човештвото. Тој знае кои проблеми би можеле да се појават и дал совет како да се решат. Во текот на историјата, оние кои искрено ги применувале библиските начела во својот семеен живот, наоѓале поголема среќа.

19-21. Кои современи искуства ја покажуваат моќта на Библијата во решавањето на брачните проблеми?

19 На пример, една домаќинка од Индонезија била страстен коцкар. Со години таа ги запоставувала своите три деца и постојано се расправала со својот сопруг. Потоа започнала да ја проучува Библијата. Жената постепено стекнувала вера во она што го вели Библијата. Кога го применила библискиот совет, таа станала подобра сопруга. Нејзините напори кои се темелеле на библиските начела, му донеле среќа на целото нејзино семејство.

20 Една домаќинка од Шпанија вели: „Бевме во брак само една година кога почнаа да се појавуваат сериозни проблеми“. Таа и нејзиниот сопруг немале многу заеднички работи и зборувале сосема малку, освен кога се карале. И покрај тоа што имале мала ќеркичка, тие одлучиле законски да се одвојат. Меѓутоа, пред да го направат тоа, биле охрабрени да ја истражат Библијата. Го проучиле нејзиниот совет за мажите и жените кои се во брак и почнале да го применуваат. Наскоро можеле мирољубиво да комуницираат, а нивното мало семејство било среќно обединето.

21 Библијата им помага и на постарите луѓе. На пример, разгледај го искуството на една брачна двојка од Јапонија. Сопругот бил избувлив, а понекогаш и насилен. Најнапред нивните ќерки почнале да ја проучуваат Библијата, и покрај тоа што родителите се противеле. Подоцна сопругот им се придружил на ќерките, додека сопругата и понатаму приговарала. Меѓутоа, со текот на годините таа забележала дека библиските начела имаат позитивно влијание врз семејството. Нејзините ќерки добро се грижеле за неа, а сопругот станал многу поблаг. Таквите промени ја поттикнале таа жена и самата да ја испита Библијата, која го имала истото позитивно влијание и врз неа. Оваа постара жена секогаш велела: „Ние станавме вистинска брачна двојка“.

22, 23. На кој начин Библијата им помага на луѓето од секакво национално потекло да најдат среќа во својот семеен живот?

22 Овие поединци спаѓаат меѓу многуте кои ја дознале тајната на семејната среќа. Тие го прифатиле библискиот совет и го примениле. Навистина, тие живеат во истиот насилен, неморален и економски притиснат свет како и сите други. Освен тоа, тие се несовршени, но сепак наоѓаат среќа додека се трудат да ја вршат волјата на Основачот на семејното уредување. Како што вели Библијата, Јехова Бог е оној „Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17).

23 Иако Библијата била комплетирана пред речиси две илјади години, нејзиниот совет е навистина современ. Освен тоа, таа била напишана за сите луѓе. Библијата не е некаква американска книга или книга на Западот. Јехова „од една крв го создаде сиот род човечки“ и Тој ја знае градбата на сите луѓе (Дела 17:26). Библиските начела се делотворни за секого. Ако ги применуваш, и ти ќе ја дознаеш тајната на семејната среќа.

МОЖЕШ ЛИ ДА ОДГОВОРИШ НА ОВИЕ ПРАШАЊА?

Што се случува со семејствата денес? (2. Тимотеј 3:1—4).

Кој го основал семејното уредување? (Ефесјаните 3:14, 15).

Во што е тајната на семејната среќа? (Исаија 48:17).

[Слика на целата страница 4]

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели