ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/10 стр. 12-13
  • Запознавање заради брак

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Запознавање заради брак
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Соодветни мерила за наша корист
  • Биди свесен за своите склоности
  • Поставете си јасни граници во однесувањето
  • Јехова нека биде третиот струк од ‚јажето‘
  • Дали Јеховините сведоци имаат правила за љубовните врски?
    Најчесто поставувани прашања
  • Кога може да започнам врска со некого?
    Разбудете се! 2007
  • Дали сум спремен за врска?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • До каде може да се оди?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 2/10 стр. 12-13

Што вели Библијата

Запознавање заради брак

Џули и Ли започнале врска и биле решени да останат морално чисти.a Но, една вечер останале сами, и почнала да ги обзема сексуална страст. За среќа, си дошле при себе пред да отидат предалеку и да направат сериозен грев.

ВИСТИНСКАТА религија вклучува многу повеќе отколку само да се оди редовно на богослужба. Таа е начин на живот и ги обликува однесувањето и моралните вредности кај едно лице. Исус Христос рекол дека ќе го прифати само „оној што ја врши волјата“ на Бог (Матеј 7:21). За да му угодиме на Бог, мора да се однесуваме чесно со лицата од спротивниот пол и да почнуваме врска само ако имаме намера да стапиме во брак.

Како може твојата врска да остане чиста пред Бог, со оглед на тоа што паровите се под огромен притисок да ги занемарат моралните ограничувања. Како прво, увери се дека Божјите мерила ни се дадени за наше добро. Како второ, биди свесен за човечката природа. Како трето, поставете си јасни граници во однесувањето. И, како четврто, Бог нека биде дел од вашата врска. Да ги разгледаме овие точки една по една.

Соодветни мерила за наша корист

Во Исаија 48:17, 18 читаме: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш. О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“.

Како што покажува овој стих, заповедите и начелата од Божјата вдахновена Реч, Светото писмо, се за наша корист (2. Тимотеј 3:16, 17). Тие се доказ дека нашиот Творец навистина се грижи за нас и сака да бидеме среќни и успешни во секој аспект на животот (Псалм 19:7-10). Дали си потполно уверен во тоа? Ако да, тогаш си вистински мудар.

Биди свесен за своите склоности

Јехова е искрен со нас како еден вистински пријател — тој ни покажува какви сме навистина. На пример, Неговата Реч нѐ предупредува дека „срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ. Кој може да проникне во него?“ (Еремија 17:9). Библијата исто така вели: „Кој има доверба во своето срце, безумен е, а кој постапува мудро, ќе се избави“ (Изреки 28:26).

Како двајца што започнале врска покажуваат дека имаат доверба во своето срце? Еден начин е ако дозволат да се најдат во околности во кои ќе им биде тешко да се воздржат од интимни односи, слично како во примерот спомнат погоре. Друг начин е ако ги отфрлат мудрите совети од своите побожни родители кои знаат дека сексуалните чувства, посебно во младоста, можат да бидат како брзината со која се вози еден автомобил — таа треба добро да се контролира за да не дојде до несреќа.

Затоа, младите кои постапуваат според Божјата мудрост сериозно ги сфаќаат родителските поуки. Тие ги прифаќаат советите од родителите, кои доволно ги сакаат за да им кажат работи што можеби нејќат да ги чујат. Се разбира, оној што најмногу те сака е твојот небесен Татко, Јехова Бог, кој те советува ‚да ја отстраниш болката од срцето свое и да ја оддалечиш неволјата од телото свое‘ (Проповедник 11:9, 10). Како ќе го постигнеш тоа? Така што нема да им попуштиш на неисправните желби.

Поставете си јасни граници во однесувањето

„Мудри се оние што меѓусебно се советуваат“ (Изреки 13:10). Уште кога ќе ја почнат врската, би било мудро паровите да ги применат овие зборови — јасно да одредат какви изрази на љубов одобрува Библијата и да бидат решени да се држат за овие мерила. Непристојното однесување и претераната самодоверба се како опасно возење. Нема да ти вреди ако одлучиш да возиш безбедно откако ќе доживееш судир!

Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изреки 22:3). Паровите што се запознаваат би се поштедиле од многу проблеми ако излегуваат во друштво со еден или повеќе примерни поединци. Некои последици од неисправното однесување во текот на запознавањето се нечистата совест, губењето на почитта кон себеси и кон другото лице и срамот што ќе го претрпат самите, како и потесното семејство. Затоа, бидете претпазливи — договорете се како да ги следите библиските мерила и не отстапувајте од нив!

Јехова нека биде третиот струк од ‚јажето‘

Бракот е како трикратно јаже во кое Бог е главниот струк. „Трикратно јаже не се кине лесно“, стои во Проповедник 4:12. Истото важи и за сите што започнале врска. Ако сакаат Бог да ги благослови, мора да останат блиски со Него. Во Псалм 1:1-3 се вели: „Среќен е човекот што не постапува според советот на злите... туку ужива во законот на Јехова и внимателно го чита неговиот закон дење и ноќе,.. и во сѐ што прави, ќе биде успешен“.

Да, вистинскиот успех во животот, меѓу другото и успехот на врската или на бракот, зависи од тоа дали сме му послушни на Јехова. На крајот на краиштата, тој е нашиот Творец, што значи дека романтичната привлечност и бракот се скапоцени дарови од него. Како такви, заслужуваат најдлабока почит (Јаков 1:17).

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

ШТО МИСЛИШ?

● Како знаеме дека Бог ни го мисли најдоброто? (Исаија 48:17, 18)

● Кој факт во врска со себеси треба да го прифатиме? (Еремија 17:9)

● Која е тајната на успехот на една врска и на бракот што евентуално ќе произлезе од неа? (Псалм 1:1-3)

[Слика на страница 13]

Уште кога ќе ја почнат врската, би било мудро паровите јасно да одредат какви изрази на љубов одобрува Библијата и да бидат решени да се држат за овие мерила

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели