ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/12 стр. 23
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Родилки како за на насловна
  • Активни и здрави
  • Здрави мајки, здрави бебиња
    Разбудете се! 2009
  • Како да го заштитите своето здравје
    Разбудете се! 1999
  • Како социјалните мрежи влијаат врз мене?
    Младите прашуваат
Разбудете се! 2012
g 4/12 стр. 23

Поглед во светот

„Пред ерата на компјутерите, беше речиси невозможно [ботаничарите] темелно да ја проверат целата достапна литература пред да му дадат име на некој нов вид, па така некои имиња почнаа да се повторуваат.“ Утврдено е дека од околу милион заведени имиња, најмалку 477.601 се синонимни (SCIENCE, САД).

„Само 6 отсто од Кинезите се сметаат себеси за среќни.“ Околу 39 отсто од испитаниците вклучени во едно испитување веруваат дека „главен фактор за среќа“ е „богатството“ (CHINA DAILY, КИНА).

„Една истрага... за утврдување на точноста на податоците за криминални дела во Русија покажа дека низ целата земја бројките биле ‚масовно фалсификувани‘.“ Полицијата е обвинета за обид да ја ‚разубави реалната слика за стапката на криминалот‘ и за преувеличување на бројот на решени случаи (RIA NOVOSTI, РУСИЈА).

„Секој трет студент во германската престолнина [Берлин] е спремен да дава сексуални услуги [во што спаѓаат проституција и еротско танцување] за да си ги покрие трошоците за школувањето“ (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „РОЈТЕРС“, ГЕРМАНИЈА).

Родилки како за на насловна

Социјалните медиуми влијаат врз тоа како мајките соопштуваат дека се породиле. За разлика од нашите баби кои праќале телеграми, „мајките денес ја споделуваат својата радост преку интернет“, стои во еден извештај што го објави американскиот ТВ-канал Еј-Би-Си. Притоа, честопати се ставаат слики од мајката и детето кратко по породувањето. Новата генерација жени, кои обрнуваат големо внимание на изгледот, пред породувањето одат на третмани за разубавување, како што се третмани на лице, маникир и педикир. „Некои одат дотаму што доаѓаат во болница со фризер“, продолжува истиот извештај. Зошто? За да бидат убави кога ќе се породат, објаснува Тони Голен, медицински директор на породилното одделение во медицинскиот центар Бет Израел Диконес во Бостон.

Активни и здрави

Според истражувачите, долгите периоди на физичка неактивност на работа, на училиште или пред телевизорот може да предизвикаат хронични болести. „Додека седите, драстично се намалува активноста на липопротеинот липаза, ензим кој овозможува мускулите да ги согорат мастите во крвта“, соопшти весникот Vancouver Sun. Според овој весник, за да останеме здрави, потребно е многу повеќе отколку само повремени кардиоваскуларни вежби што ќе ни го забрзаат ритамот на срцето. „За здрав метаболизам потребно е да се има редовен режим на физичка активност што изискува лесен до умерено тежок напор.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели