ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/12 стр. 3
  • Мотивирај се

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мотивирај се
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Што ако не го поднесувам училиштето?
    Младите прашуваат
  • Извлечи го најдоброто од училиштето
    Нашата служба за Царството 1997
  • Треба ли да прекинам со школувањето?
    Разбудете се! 2010
  • Световното образование и твоите духовни цели
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 10/12 стр. 3

Мотивирај се

За да бидеш мотивиран да правиш нешто, мора да ја согледаш практичната вредност.

КОЈА е практичната вредност на образованието? Ќе ти помогне да стекнеш мудрост, а според Библијата „мудроста е заштита“ (Проповедник 7:12). Во која смисла? Еве еден пример: Замисли си дека минуваш низ опасно место. Што би сакал повеќе — да бидеш сам или да бидеш со пријатели кои ќе те заштитат ако треба? Доброто образование ти помага секогаш да имаш покрај себе неколку силни „пријатели“, како на пример:

  • Способност за расудување. Училиштето може да ти помогне да стекнеш ‚мудрост и способност за расудување‘ (Изреки 3:21). Овие способности ќе ти помогнат сам да си ги решаваш проблемите наместо секогаш да се потпираш на нечиј грб.

  • Односи со другите. Библијата ги советува христијаните да развиваат особини како што се долготрпеливоста и самосовладувањето (Галатите 5:22, 23). На училиште си со најразлични луѓе и имаш можност да ги совладаш овие особини, но и други, како што се трпеливост, почит и сочувство — особини што многу ќе ти користат во животот.

  • Практични вештини. На училиште можеш да стекнеш добри работни навики кои подоцна ќе ти помогнат да најдеш работа и да ја задржиш. Освен тоа, колку повеќе го осознаваш светот околу себе толку подобро се осознаваш себеси и знаеш што ти е важно во животот (Изреки 14:15). Тоа, пак, ќе ти помогне со почит да ги браниш своите убедувања пред другите (1. Петрово 3:15).

Заклучок: Бидејќи мора да се школуваш, нема да имаш никаква корист ако се концентрираш само на она што не ти се допаѓа на училиште. Наместо тоа, најди мотивација така што ќе размислуваш за трите точки спомнати во оваа статија. Можеби ќе ти текнат дури и некои други работи!

Спремен ли си да почнеш? Размисли што тебе најмногу те мотивира да бидеш добар ученик.

Добрите наставници злато вредат!

„Мојот професор по економија можел да се вработи во некоја финансиска институција, но наместо тоа избрал да предава во нашето училиште што се наоѓаше во сиромашен дел од градот, каде што повеќето ученици воопшто не ги интересира економија. Сепак, тој предаваше едноставно, со хумор и ни помагаше да ја увидиме практичноста на материјалот. Еднаш дури ѝ се јави на мајка ми за да ѝ каже дека тестот ми бил одличен. Кога учениците ќе го прашаа зошто предава во нашето училиште, знаеше да каже дека тоа е најдоброто место каде што некогаш работел. Нѐ сфаќаше, се грижеше за нас и нѐ пофалуваше. Тој е најдобриот професор што сум го имал!“ (Рејон, САД).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели