ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 7
  • Што ако не го поднесувам училиштето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако не го поднесувам училиштето?
  • Младите прашуваат
  • Сличен материјал
  • Треба ли да прекинам со школувањето?
    Разбудете се! 2010
  • Да прекинам ли со школото?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да бидеш добар ученик
    Разбудете се! 2012
  • Извлечи го најдоброто од училиштето
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 7
Еден разочаран тинејџер стои покрај ред шкафчиња во еден училиштен ходник.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако не го поднесувам училиштето?

Строги наставници. Притисок од врсниците. Стресни тестови и еден куп домашни задачи. Разбирливо е ако кажеш дека не го сакаш училиштето. Една тинејџерка по име Рејчелa вели:

„Би сакала да бидам каде било, само не на училиште. Повеќе би сакала да бидам на плажа или со моите пријатели, па дури и да им помагам на моите родители со готвењето или чистењето!“

Ако и ти се чувствуваш како Рејчел, годините што ги поминуваш на училиште можеби ти изгледаат како затворска казна која мора да ја издржиш додека не бидеш ослободен кога ќе матурираш. Но, дали има подобар начин како можеш да гледаш на времето поминато на училиште?

Дали си знаел? Ако стекнеш подобро гледиште за училиштето, ти преземаш контрола врз ситуацијата и повеќе нема да гледаш на твоето школување како на испит за твојата истрајност. На некој начин, школото станува алатка со која ги остриш вештините што ќе ти бидат потребни кога ќе станеш возрасна личност.

За да имаш подобар став кон училиштето, обиди се да се фокусираш на следново:

Сликичка со тетратка и молив.

Твоето образование. Колку повеќе учиш толку подобро ќе можеш да ги решаваш проблемите што во иднина ќе ги имаш на работа и на други подрачја од твојот живот наместо секогаш да се потпираш на другите. Прашај се: „Дури и ако има работи во врска со училиштето што не ми се допаѓаат, како ми користи образованието што го стекнувам?“

Библиско начело: „Зачувај ја мудроста и способноста за расудување“ (Изреки 3:21).

За повеќе информации, види ја статијата „Како да ги поправам оценките?“

Сликичка со еден список.

Твоите навики. Добрите навики што ги стекнуваш на училиште можат да те научат добро да го организираш времето, да станеш самодисциплиниран и да бидеш добар работник — особини кои ќе ти бидат потребни како возрасен. Прашај се: „На кои начини училиштето ми помага да станам самодисциплиниран и добар работник? Како можам да се подобрам на овие подрачја?“

Библиско начело: „Од секој труд има корист“ (Изреки 14:23).

За повеќе информации, види ја статијата „Како да си го организирам времето?“

Сликичка со двајца луѓе кои разговараат.

Твојот однос со другите. Комуникацијата со соучениците може да ти помогне да развиеш сочувство и почит кон другите. „Да учиш како да комуницираш со луѓето е исто толку важно како да учиш историја и природни науки“, вели еден млад човек по име Џошуа. „Тоа е вештина што ќе ти користи во текот на целиот живот.“ Прашај се: „Што сум научил на училиште во врска со тоа како да се сложувам со другите — дури и со оние кои имаат различно потекло или верувања од моите?“

Библиско начело: „Тежнејте кон мир со сите“ (Евреите 12:14).

За повеќе информации, види ја статијата „Како да ги подобрам моите комуникациски вештини?“

Сликичка со еден човек кој оди по пат.

Твојата иднина. Училиштето може да ти помогне да ги препознаеш твоите способности и да си поставиш соодветни цели. Една девојка по име Брук вели: „Дури можеш да добиеш обука во некоја одредена област, како што добив и јас, па така кога ќе матурираш, веќе си квалификуван за работа“. Прашај се: „Како ќе се издржувам откако ќе завршам со училиштето? Како можам да го насочам моето образование кон тој вид на работа?“

Библиско начело: „Знај во кој правец одиш“ (Изреки 4:26, Contemporary English Version).

a Некои имиња се сменети.

Што велат други млади

  • Медисон.

    „Кога работевме во групи, требаше да соработувам со различни луѓе. На тој начин, научив да ги слушам оние кои имаат различно потекло и животен стил од мојот. Моите соученици главно беа пријатни и се однесуваа кон мене со почит бидејќи знаеја дека бев љубезна и не ги критикував“ (Медисон).

  • Рајан.

    „Научив да имам урамнотежено гледиште за моите соученици. Многу од нив се трудеа да бидат добри луѓе. Затоа барав начини да споделам со нив нешто охрабрувачко од Библијата“ (Рајан).

  • Брук.

    „Училиштето ти помага да научиш подобро да комуницираш. Со твоите соученици си по цел ден, и така учиш што да кажеш, а што да не кажеш, како да бидеш стрплив и како да делиш со другите. На часовите по физичко играш групни спортови, а тоа те учи да бидеш тимски играч — нешто што не можеш сам да го научиш“ (Брук).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели