ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 70
  • Јона и големата риба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јона и големата риба
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јехова бил стрплив со Јона
    Поуки од Библијата
  • Учел од своите грешки
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој учел од своите грешки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јона учи за Јеховиното милосрдие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 70
Јона само што не го проголтала една голема риба

ПРИКАЗНА 70

Јона и големата риба

ПОГЛЕДНИ ГО човекот во водата. Тој е многу исплашен, зар не? Рибата сака да го голтне! Знаеш ли кој е овој човек? Тој се вика Јона. Да видиме како упаднал во толку голема неволја.

Јона бил пророк на Јехова. Не поминало долго време по смртта на пророкот Елисеј кога Јехова му рекол на Јона: ‚Оди во големиот град Ниневија. Лошотијата на тамошните луѓе е многу голема, и јас сакам ти да им го кажеш тоа‘.

Но, Јона не сакал да оди. Затоа се качил на брод кој отпатувал во спротивната насока од Ниневија. Јехова не бил задоволен со тоа што Јона избегал. Затоа, предизвикал голема бура. Таа била толку силна што бродот бил во опасност да потоне. Морнарите многу се исплашиле, па почнале да ги викаат своите богови да им помогнат.

Откако го фрлиле Јона во морето, морнарите гледаат на таа страна од бродот

На крајот, Јона им рекол: ‚Јас му служам на Јехова, Богот кој ги создаде небото и Земјата. И јас бегам за да не го направам она што Јехова ми рече да го направам‘. Затоа, морнарите го прашале: ‚Што да направиме со тебе за да престане бурата?‘

‚Фрлете ме во морето, и тоа повторно ќе се смири‘, рекол Јона. Морнарите не сакале да го сторат тоа, но бидејќи бурата станувала сѐ посилна, на крајот го фрлиле Јона од бродот. Бурата веднаш престанала и морето повторно се смирило.

Додека Јона тонел во водата, една голема риба го голтнала. Но тој не умрел. Три дена и три ноќи бил во стомакот на таа риба. На Јона му било многу жал што не го послушал Јехова и не отишол во Ниневија. Затоа, знаеш ли што направил?

Јона му се помолил на Јехова за помош. Тогаш Јехова ѝ заповедал на рибата да го исплука Јона на копното. Потоа, Јона отишол во Ниневија. Зарем од ова не учиме колку е важно да направиме сѐ што Јехова ќе рече?

Библиската книга Јона.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели