Песна 39
Божјите воини напредуваат
1. Воините на Бога,
знај, напредуваат;
го слават Бог Јехова,
чест му оддаваат.
А змевот голем на нив
со пакост напаѓа!
Но раката на Бога
им дава заштита.
2. Во борбата сме силни
во овој Божји ден.
Јавуваме Реч храбро.
Зар да се плашиме?
Син Божји нас нѐ води,
во бој за правда е.
Со голем напад почнал;
да се придружиме.
3. Со Бога сега напред;
Тој ќе надвладее.
Па штом ќе биде така,
да не застанеме!
Тој победник им ветил,
да, полна награда
на сите кои верно
не отстапуваат.