Песна 40
Да го направиме успешен својот пат
1. Бог му рекол на Навина:
,Законот следи го.
Читај секој ден од него,
потем спроведи го.
Нека водич е твој во сѐ,
в срце, на усните.
Дур те води вистината
ти ќе си успешен.
Дур те води вистината
ти ќе си успешен‘.
2. Штом царевите в Израел
налог послушале:
,Секој цар мора за себе
закон да препише.
Мора да чита секој ден
за да е понизен‘,
тогаш благослов добиле
и долг век животен.
Тогаш благослов добиле
и долг век животен.
3. Бог нѐ учи во Писмото
какви треба да сме.
Знај, без него не можеме
право да одиме.
Мисли негови храна се,
да го спознаеме.
Штом Бог нѐ оспособува,
верно ќе служиме.
Штом Бог нѐ оспособува,
верно ќе служиме.