ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • sp стр. 11-12
  • Демоните се убијци!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Демоните се убијци!
  • Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Сличен материјал
  • Исус има моќ над демоните
    Учи од Големиот Учител
  • Управители на злото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Дали демоните се реални суштества?
    Разбудете се! 1998
  • Кои се Божјите непријатели?
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
Повеќе
Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
sp стр. 11-12

Демоните се убијци!

Сатана и демоните отсекогаш биле свирепи и опасни. Во древни времиња, Сатана го убил добитокот и слугите на верниот Јов. Потоа ги убил десетте деца на Јов така што предизвикал „силен ветар“ кој ја срушил куќата во којашто се наоѓале децата. Потоа Сатана го удрил Јов со „лути чиреви од табаните до темето“ (Јов 1:7-19; 2:7).

Во деновите на Исус, демоните онемувале и ослепувале некои луѓе (Матеј 9:32, 33; 12:22). Измачувале еден човек и го терале да се удира со камења (Марко 5:5). Исто така, предизвикале едно момче да вика, го треснале од земја и го фрлиле во „силен грч“ (Лука 9:42).

Сатана и демоните го удриле Јов со лути чиреви, и предизвикале силни грчеви кај еден човек

Во минатото, демоните ги разболувале луѓето, а некои ги фрлале во грч

Сатана и демоните се настроени да убиваат и денес, исто како и во минатото. Всушност, откако биле исфрлени од небото тие прават уште полоши работи. Од разни делови на светот се слушаат извештаи кои сведочат за тоа колку се свирепи демоните. Некои луѓе ги измачуваат со болести. Други ги вознемируваат ноќе — не им даваат да спијат или ги измачуваат со страшни соништа. Некои сексуално ги малтретираат, а други, пак, ги доведуваат до лудило, убиство или самоубиство.

Демоните влијаат врз еден човек да биде насилен, и вознемируваат друг човек ноќе со кошмари

Денес демоните влијаат врз некои луѓе да бидат насилни, а други ги вознемируваат ноќе, измачувајќи ги со страшни соништа

Линтина, која живее во Суринам, раскажува дека еден демон, или зол дух, убил 16 члена од нејзиното семејство, а неа ја измачувал физички и психички 18 години. Таа тврди, од лично искуство, дека демоните „уживаат да ги измачуваат своите немоќни жртви до смрт“.

Но, Јехова може да ги заштити своите слуги од нападите на Сатана (Изреки 18:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели