ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • kl погл. 12 стр. 108-117
  • Спротивстави им се на злите духовни сили

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спротивстави им се на злите духовни сили
  • Спознание кое води до вечен живот
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗЛИ ДУХОВИ — НИВНОТО ПОТЕКЛО И ЦЕЛ
  • КАКО СЕ ОБИДУВААТ ЗЛИТЕ ДУХОВИ ДА ТЕ ЗАВЕДАТ
  • ЗОШТО БИБЛИЈАТА ГО ОСУДУВА ПРАКТИЦИРАЊЕТО НА СПИРИТИЗАМ
  • ОД ПРИВЛЕЧНОСТ ДО НАПАД
  • КАКО ДА ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИШ НА ЗЛИТЕ ДУХОВИ
  • БОРИ СЕ ПОСТОЈАНО ПРОТИВ ЗЛИТЕ ДУХОВИ
  • Духовни суштества — како влијаат врз нас
    Што навистина учи Библијата?
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Моќта на злите духови
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Зошто да се избегнува спиритизмот
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Спознание кое води до вечен живот
kl погл. 12 стр. 108-117

Поглавје 12

Спротивстави им се на злите духовни сили

1. Како реагирал Исус кога се среќавал со зли духови?

ВЕДНАШ по крштавањето, Исус Христос отишол во Јудејската пустина за да се моли и медитира. Таму Сатана Ѓаволот се обидел да го наведе да го прекрши Божјиот закон. Меѓутоа, Исус ја отфрлил Ѓаволовата мамка и не се фатил во неговата замка. За време на својата служба на Земјата, Исус се соочувал и со други зли духови. Но, секогаш одново тој ги прекорувал и им се спротивставувал (Лука 4:1-13; 8:26-34; 9:37-43).

2. Кои прашања ќе ги разгледаме?

2 Библиските извештаи кои ги опишуваат тие средби треба да нѐ уверат дека злите духовни сили навистина постојат. Тие се обидуваат да ги заведат луѓето. Сепак, ние можеме да им се спротивставиме на овие зли духови. Но, од каде потекнуваат злите духови? Зошто се обидуваат да ги заведат луѓето? И какви методи користат за да ги постигнат своите намери? Одговорите на ваквите прашања ќе ти помогнат да им се спротивставиш на злите духовни сили.

ЗЛИ ДУХОВИ — НИВНОТО ПОТЕКЛО И ЦЕЛ

3. Како настанал Сатана Ѓаволот?

3 Јехова Бог создал мноштво духовни суштества долго пред да ги создаде луѓето (Јов 38:4, 7). Како што беше објаснето во 6. поглавје, еден од овие ангели развил желба да ги натера луѓето да го обожаваат него, а не Јехова. Следејќи ја таа цел, овој зол ангел му се спротивставувал на Творецот и го клеветел, па дури ѝ сугерирал на првата жена дека Бог е лажливец. Затоа, прикладно е што ова бунтовно духовно суштество станало познато како Сатана (противник) Ѓаволот (клеветник) (1. Мојсеева 3:1-5; Јов 1:6).

4. На кој начин згрешиле некои ангели во времето на Ное?

4 Подоцна и други ангели застанале на страната на Сатана Ѓаволот. Во времето на праведниот човек Ное, некои од нив ја отфрлиле својата служба на небото и зеле тела од месо за да ги задоволат своите желби за сексуални односи со земните жени. Нема сомнение во тоа дека Сатана извршил влијание врз тие ангели да постапат така непослушно. Тоа довело до раѓање на едно хибридно потомство, наречено Нефилими, кои станале насилни силеџии. Кога Јехова го предизвикал големиот потоп, во него било уништено расипаното човештво заедно со ова неприродно потомство на непослушните ангели. Бунтовните ангели го избегнале уништувањето на тој начин што ги напуштиле своите тела од месо и се вратиле во духовното подрачје. Но, Бог ги ограничил овие демони, третирајќи ги како изгнаници кои ќе живеат во една духовна темнина (1. Мојсеева 6:1-7, 17; Јуда 6). Меѓутоа, Сатана, „владетелот на демоните“ (НС), заедно со неговите зли ангели продолжиле со својата побуна (Лука 11:15). Која е нивната цел?

5. Каква цел имаат Сатана и неговите демони, и што употребуваат тие за да ги фатат луѓето во стапица?

5 Злобната цел на Сатана и неговите демони е да ги одврати луѓето од Јехова Бог. Затоа, низ сета човечка историја, овие злобници ги заведувале, ги заплашувале и ги напаѓале луѓето (Откровение 12:9). Современите примери потврдуваат дека демонската агресија сега е позлобна од кога и да било порано. За да ги фатат луѓето во клопка, демоните честопати се служат со спиритизам во сите негови облици. Како ја користат демоните оваа мамка и како можеш ти да се одбраниш?

КАКО СЕ ОБИДУВААТ ЗЛИТЕ ДУХОВИ ДА ТЕ ЗАВЕДАТ

6. Што е спиритизам и кои се некои од неговите облици?

6 Што е спиритизам? Тоа е комуникација и соработка со демони, односно зли духови, било директно или преку некој човечки медиум. За демоните спиритизмот го прави она што мамката го прави за ловците — го привлекува пленот. И како што еден ловец користи разни мамки за да ги намами животните во својата стапица, така и злите духови стимулираат разновидни облици на спиритизам за да ги стават луѓето под своја контрола. (Спореди Псалм 118:110.) Некои од овие облици се гатање, магија, гледање на знаци, волшебништво, урочување, прашување на медиуми и повикување на мртви.

7. Колку е раширен спиритизмот, и зошто напредува дури и во христијанските земји?

7 Мамката делува успешно, бидејќи спиритизмот ги привлекува луѓето по целиот свет. Оние кои живеат по селата во џунглите, одат кај врачеви, додека градските службеници се консултираат со астролози. Спиритизмот цвета дури и во христијанските земји. Истражувањата покажуваат дека само во САД, околу 30 списанија со вкупен тираж од над 10.000.000 примероци се посветени на разни облици на спиритизам. Секоја година, Бразилците трошат преку 500 милиони долари на спиритистички предмети. Но, 80 отсто од оние кои ги посетуваат спиритистичките центри на обожавање во таа земја, се крстени католици кои одат и на миси. Со оглед на тоа што некои свештеници практицираат спиритизам, мнозина религиозни луѓе мислат дека Бог го одобрува тоа. Но, дали е така?

ЗОШТО БИБЛИЈАТА ГО ОСУДУВА ПРАКТИЦИРАЊЕТО НА СПИРИТИЗАМ

8. Какво е библиското гледиште за спиритизмот?

8 Ако си бил поучуван дека некои облици на спиритизам се средства за контактирање со добрите духови, можеби ќе бидеш изненаден кога ќе дознаеш што вели Библијата за спиритизмот. Јеховиниот народ бил предупреден: „Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат [да станете нечисти преку нив, НС]“ (3. Мојсеева 19:31; 20:6, 27). Библиската книга Откровение го дава предупредувањето дека „маѓесниците“ ќе завршат во „езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората [вечна] смрт“ (Откровение 21:8; 22:15). Јехова Бог не одобрува ниеден облик на спиритизам (5. Мојсеева 18:10-12). Зошто?

9. Зошто можеме да заклучиме дека денешните пораки од духовниот свет не се од Јехова?

9 Пред да биде завршена Библијата, Јехова испраќал добри духови, односно праведни ангели да комуницираат со некои луѓе. Од нејзиното завршување па наваму, Божјата Реч го дава водството што им е потребно на луѓето за да му служат на Јехова на прифатлив начин (2. Тимотеј 3:16, 17; Евреите 1:1, 2). Тој не ја заобиколува својата света Реч, давајќи им пораки на медиумите. Сите такви денешни пораки од духовниот свет доаѓаат од злите духови. Практицирањето на спиритизам може да доведе до вознемирување од страна на демоните или дури до опседнатост од зли духови. Затоа, Бог љубезно нѐ предупредува да не се впуштаме во никакви спиритистички обичаи (5. Мојсеева 18:14; Галатјаните 5:19-21). Освен тоа, доколку продолжиме да практицираме спиритизам откако сме го запознале Јеховиното гледиште за таа работа, тогаш би застанале на страната на бунтовните зли духови и би биле непријатели на Бог (1. Царства 15:23; 1. Летописи 10:13, 14; Псалм 5:4).

10. Што е гатање, и зошто треба да го избегнуваме?

10 Еден популарен облик на спиритизам е гатањето — обид да се дознае иднината или непознатото со помош на духовите. Некои облици на гатање се астрологија, гледање на кристална топка, толкување на соништа, гледање на дланка и претскажување на судбината со помош на тарок карти. Многумина гледаат на гатањето како на една безопасна забава, но Библијата покажува дека претскажувачите на судбина и злите духови одат рака под рака. На пример, Дела 16:16-19 споменува „гледачки дух“ кој ѝ овозможувал на некоја девојка да ‚вража‘. Меѓутоа, кога демонот бил истеран, таа ја изгубила способноста да ја претскажува иднината. Јасно е дека гатањето е мамка што ја користат демоните за да ги намамат луѓето во својата стапица.

11. На кој начин обидите да комуницира со мртвите можат некого да го фатат во стапица?

11 Ако жалиш поради смртта на некој член на семејството или некој близок пријател, би можел лесно да бидеш заведен од една друга мамка. Некој духовен медиум би можел да ти даде некаква посебна информација или би можел да зборува со глас што звучи како гласот на мртвото лице. Внимавај! Обидите да комуницираш со мртвите може да те фатат во стапица. Зошто? Затоа што мртвите не можат да зборуваат. Како што веројатно се сеќаваш, Божјата Реч јасно вели дека мртвото лице „се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли“. Мртвите „ништо не знаат“ (Псалм 145:4; Проповедник 9:5, 10). А всушност, демоните се тие кои се познати по тоа што го имитираат гласот на починатиот и кои на духовниот медиум му даваат информации за оној кој умрел (1. Царства 28:3-19). Затоа, секој „што повикува мртви“ е фатен во стапицата на злите духови и постапува спротивно на волјата на Јехова Бог (5. Мојсеева 18:11, 12; Исаија 8:19).

ОД ПРИВЛЕЧНОСТ ДО НАПАД

12, 13. Каков доказ постои дека демоните упорно ги искушуваат и ги напаѓаат луѓето?

12 Кога се потчинуваш на советот од Божјата Реч во поглед на спиритизмот, ти ја одбиваш мамката на демоните. (Спореди Псалм 140:9, 10; Римјаните 12:9.) Дали ова значи дека злите духови ќе престанат да се обидуваат да те заробат? Никако! Откако го искушувал Исуса три пати, Сатана ‚отишол од Него за некое [друго погодно, НС] време‘ (Лука 4:13). На сличен начин, упорните духови не само што ги привлекуваат луѓето туку и ги напаѓаат.

13 Сети се на нашето претходно разгледување на Сатановиот напад врз Божјиот слуга Јов. Ѓаволот ја предизвикал загубата на неговата стока, како и смртта на повеќето негови слуги. Сатана ги убил дури и децата на Јов. А потоа, го удрил и самиот Јов со тешка болест. Но Јов ја зачувал својата беспрекорност кон Бог и бил богато благословен (Јов 1:7-19; 2:7, 8; 42:12). Оттогаш, демоните правеле некои луѓе да онемат или да ослепат, и сѐ уште уживаат во страдањето на луѓето (Матеј 9:32, 33; 12:22; Марко 5:2-5). Денешните извештаи покажуваат дека демоните сексуално напаѓаат некои луѓе, а други доведуваат до лудило. Трети, пак, ги поттикнуваат на убиства или самоубиства, што претставуваат грев против Бог (5. Мојсеева 5:17; 1. Јованово 3:15). И покрај тоа, илјадници луѓе кои некогаш биле фатени во замката на овие зли духови, успеале да се ослободат. Како? Го сториле тоа така што презеле три битни чекори.

КАКО ДА ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИШ НА ЗЛИТЕ ДУХОВИ

14. Во согласност со примерот на ефеските христијани од I век, како можеш да им се спротивставиш на злите духови?

14 Кој е еден од начините на кој можеш да им се спротивставиш на злите духови и да се заштитиш себеси и своето семејство од нивните замки? Христијаните од првиот век од Ефес, кои практицирале спиритизам пред да станат верници, презеле позитивни чекори. Читаме дека ‚мнозина од оние, кои правеле магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореле пред сите‘ (Дела 19:19). Дури и да не си практицирал спиритизам, ослободи се од сѐ она што има спиритистички примени или призвук. Во тоа спаѓаат книги, списанија, видеофилмови, постери, музички снимки и предмети што биле користени за спиритистички цели. Тука се вклучени уште и идоли, амајлии и други предмети што се носат заради заштита, како и подароци што си ги добил од лица кои се бават со спиритизам (5. Мојсеева 7:25, 26; 1. Коринтјаните 10:21). Да илустрираме: Една брачна двојка од Тајланд долго време била напаѓана од демони. Потоа се ослободиле од предметите кои биле поврзани со спиритизам. Каков бил резултатот? Биле ослободени од демонските напади и после тоа вистински напредувале во духовен поглед.

15. Кој е уште еден неопходен чекор во спротивставувањето на злите духовни сили?

15 За да им се спротивставиш на злите духови, друг неопходен чекор е да се примени советот од апостол Павле, имено да се стави комплетното духовно оружје дадено од Бог (Ефесјаните 6:11-17). Христијаните мораат да ја зајакнуваат својата одбрана од злите духови. Што вклучува овој чекор? „А над сѐ,“ — рекол Павле — „земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги угаснете сите вжештени стрели на лукавиот.“ Всушност, колку појака е твојата вера, толку поспособен ќе бидеш да им се спротивставиш на злите духовни сили (Матеј 17:14-20).

16. Како можеш да ја зајакнеш својата вера?

16 Како можеш да ја зајакнеш својата вера? Така што ќе продолжиш да ја проучуваш Библијата и да го применуваш нејзиниот совет во својот живот. Силата на нечија вера во голема мера зависи од цврстината на нејзиниот темел — спознанието за Бог. Зарем не се сложуваш дека точното спознание што си го постигнал и си го зел при срце додека си ја проучувал Библијата, ја изградило твојата вера? (Римјаните 10:10, 17). Затоа, без сомнение, додека и понатаму продолжуваш со ова проучување и создаваш навика да присуствуваш на состаноците на Јеховините сведоци, твојата вера ќе биде уште позајакната (Римјаните 1:11, 12; Колосјаните 2:6, 7). Тоа ќе биде моќна заштита од демонските напади (1. Јованово 5:5).

17. Кои натамошни чекори може да бидат неопходни во спротивставувањето на злите духовни сили?

17 Кои натамошни чекори би можело да ги преземе лицето кое е одлучно да им се спротивстави на злите духовни сили? На ефеските христијани им била потребна заштита затоа што живееле во град кој бил преплавен со демонизам. Затоа, Павле им рекол: „Молете се со духот во секое време“ (Ефесјаните 6:18). Со оглед на тоа што живееме во свет кој е преплавен со демони, многу е важно да се молиме со длабоко чувство за Божја заштита за да им се спротивставиме на злите духови (Матеј 6:13). Во овој поглед е корисна духовната поддршка и молитвите од наименуваните старешини во христијанското собрание (Јаков 5:13-15).

БОРИ СЕ ПОСТОЈАНО ПРОТИВ ЗЛИТЕ ДУХОВИ

18, 19. Што може да се стори ако демоните повторно напаѓаат некое лице?

18 Но, дури и откако ги презеле овие основни чекори, некои пак биле напаѓани од зли духови. На пример, еден човек од Брегот на Слоновата Коска ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци и ги уништил сите свои амајлии. Подоцна покажал добар напредок, му го предал својот живот на Јехова и се крстил. Но, една недела по неговото крштевање, демоните повторно почнале да го вознемируваат, а некои гласови му велеле да ја отфрли неговата новопронајдена вера. Кога ова би ти се случило тебе, дали тоа би значело дека си ја изгубил Јеховината заштита? Не баш.

19 Иако совршениот човек Исус Христос имал божествена заштита, тој го слушнал гласот на злобното духовно суштество Сатана Ѓаволот. Исус покажал што да се стори во таков случај. Му рекол на Ѓаволот: „Бегај од Мене, сатано“ (Матеј 4:3-10). На сличен начин, и ти треба да одбиеш да ги слушаш гласовите од духовниот свет. Спротивстави им се на злите духови така што ќе го повикуваш Јехова на помош. Да, моли се гласно и изговарај го Божјето име. Изреки 18:11 вели: „Името на Господа [Јехова, НС] е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е“. Христијанинот од Брегот на Слоновата Коска го сторил тоа и злите духови престанале да го напаѓаат (Псалм 123:8; 144:18).

20. Кратко речено, што можеш да сториш за да им се спротивставиш на злите духови?

20 Иако Јехова им дозволил на злите духови да постојат, тој ја покажува својата сила, особено во корист на својот народ, и неговото име се објавува по целата Земја (2. Мојсеева 9:16). Ако останеш блиску до Бог, не треба да се плашиш од злите духови (4. Мојсеева 23:21, 23; Јаков 4:7, 8; 2. Петрово 2:9). Нивната моќ е ограничена. Тие биле казнети во времето на Ное, во поново време биле исфрлени од небото, а сега го очекуваат конечниот суд (Јуда 6; Откровение 12:9; 20:1-3, 7-10, 14). Всушност, тие се плашат од нивното идно уништување (Јаков 2:19). Затоа, сеедно дали злите духови се обидуваат да те привлечат преку некој вид мамка или на некој начин да те нападнат, ти можеш да им се спротивставиш (2. Коринтјаните 2:11). Избегнувај секаков облик на спиритизам, применувај го советот од Божјата Реч и барај Јеховино одобрување. Прави го тоа без одложување, бидејќи твојот живот зависи од тоа дали им се спротивставуваш на злите духовни сили!

ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО СПОЗНАНИЕ

Како се обидуваат злите духови да ги заведат луѓето?

Зошто Библијата го осудува спиритизмот?

Како може некој да се ослободи од злите духовни сили?

Зошто треба постојано да им се спротивставуваш на злите духови?

[Слика на страница 110]

Како гледаш на спиритизмот во неговите многубројни облици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели