Единствен изглед!
„Секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (ЈОВАН 11:26).
1. Во каква околина ќе воскреснат милиони кои сега се мртви?
КОГА милиони ќе бидат подигнати при воскресението, тие нема да бидат вратени во живот на празна Земја (Дела 24:15). Ќе се разбудат во прекрасно подобрена околина и ќе видат дека им се подготвени станбени простории, облека и изобилство храна. Кој ќе ги направи сиве овие подготовки? Јасно, пред да започне земното воскресение, во новиот свет ќе мора да живеат луѓе. Но, кои?
2-4. Каков единствен изглед им претстои на оние кои живеат во „последните денови“?
2 Исполнувањето на библиското пророштво покажува дека живееме во „последните денови“ од овој систем на ствариa (2. Тимотеј 3:1). Многу скоро, Јехова Бог ќе интервенира во човечките прилики и ќе ја избрише злобата од Земјата (Псалм 36:10, 11; Изреки 2:21, 22). Што ќе се случи во тоа време со оние кои верно му служат на Бог?
3 Јехова нема да ги уништи праведните сосе злобните (Псалм 144:20). Тој никогаш не сторил такво нешто, и нема ни да го стори кога ќе ја исчисти Земјата од сета лошотија. (Спореди 1. Мојсеева 18:22, 23, 26.) Всушност, последната книга од Библијата зборува за едно ‚големо мноштво народ, кое што никој не можел да го преброи, — од сите племиња и колена, народи и јазици‘, како излегува од „големи маки [големата неволја, NW]“ (Откровение 7:9—14). Да, едно големо мноштво ќе ја преживее големата неволја во која сегашниот зол свет ќе заврши, и ќе влезе во Божјиот нов свет. Таму, послушното човештво може да извлече потполна корист од Божјата прекрасна подготовка да го ослободи човештвото од грев и смрт (Откровение 22:1, 2). На тој начин, ‚големото мноштво‘ не мора никогаш да искуси смрт. Каков само единствен изглед!
4 Можеме ли да имаме доверба во оваа вчудовидувачка надеж? Апсолутно! Самиот Исус Христос покажал дека ќе дојде време кога луѓето ќе живеат без никогаш да умрат. Токму пред да го воскресне својот пријател Лазар, Исус ѝ рекол на Марта: „Секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (Јован 11:26).
И ти можеш да живееш засекогаш
5, 6. Ако сакаш да живееш засекогаш во рајот на Земјата, што треба да правиш?
5 Дали сакаш да живееш засекогаш во рајот на Земјата? Дали копнееш да ги видиш повторно своите љубени? Тогаш, мораш да примаш точно спознание за Божјата волја и намери. Во една молитва до Бог, Исус рекол: „А животот вечен е тоа, да Те познаат [да примаат спознание за, NW] Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3).
6 Божја волја е „сите видови луѓе да бидат спасени и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:3, 4, NW). Сега е време да научиш како можеш ти, заедно со милиони други кои веќе ја вршат Божјата волја, да живееш засекогаш во рајот на Земјата. Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да научиш повеќе за Бог и за неговите барања. Зошто не стапиш во контакт со нив во Салата на Царството што е близу до тебе или, пак, не пишеш на најблиската адреса што е наведена на следната страница?
[Фуснота]
a Види Што навистина учи Библијата?, поглавје 9, издадена од Јеховините сведоци
[Слика на страница 31]
Едно „големо мноштво“ не мора никогаш да искуси смрт