Лекција 3
Треба да учиш за Бог
За да бидеш Божји пријател, треба да учиш за него. Дали твоите пријатели ти го знаат името и дали го користат? Да, го прават тоа. Бог сака и ти да му го знаеш името и да го користиш. Божјето име е Јехова (Осија 12:5; Матеј 6:9). Мораш, исто така, да научиш што му се допаѓа, а што не. Треба да знаеш кои му се пријатели, а кои му се непријатели. Потребно е време за да запознаеш некого. Библијата вели дека е мудро да се одвои време за да се учи за Јехова (Ефесјаните 5:15, 16).
Пријателите на Бог го прават она што му е угодно нему. Помисли на своите пријатели. Ако се однесуваш лошо спрема нив и ако го правиш она што тие го мразат, ќе ти останат ли пријатели? Се разбира не! На истиот начин, ако сакаш да бидеш Божји пријател, треба да го правиш она што му е угодно (Јован 4:24).
Сите религии не водат до пријателство со Бог. Исус, кој е најблискиот Божји пријател, зборувал за два пата. Едниот пат е широк и полн со луѓе. Тој пат води во уништување. Другиот пат е тесен и малку луѓе одат по него. Тој пат води во вечен живот. Ова значи дека, ако сакаш да го имаш Божјето пријателство, мораш да го научиш исправниот начин за да го обожаваш (Матеј 7:13, 14).