ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 8
  • Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Како да избереш добри пријатели?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Бог те повикува да му станеш пријател
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Кои ми се вистински пријатели?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 8
Лекција 8. Еден човек седи на клупа и гледа во небото.

ЛЕКЦИЈА 08

Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Јехова сака да го запознаеш подобро. Зошто? Тој се надева дека, колку повеќе учиш за неговите особини, за начинот на кој постапува со луѓето и за неговата намера, толку повеќе ќе расте твојата желба да бидеш негов пријател. (Прочитај Псалм 25:14.) Дали навистина е можно да бидеш пријател на Бог? Што можеш да правиш за да станеш негов пријател? Библијата дава одговор на овие прашања и ни открива зошто пријателството со Јехова е најважното пријателство што можеш да го имаш.

1. Дали Јехова сака да биде твој пријател?

„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Што ни покажуваат овие зборови? Јехова сака да бидеш негов пријател. На некои можеби им е тешко да веруваат дека можат да бидат пријатели со Бог бидејќи не можат да го видат. Но, во неговата Реч, Библијата, Јехова ни открил сѐ што треба да знаеме за него како личност за да може да му се приближиме. Библијата е како едно писмо од Бог за нас луѓето. Затоа, кога ја читаме, нашето пријателство со Јехова уште повеќе се зајакнува, иако не можеме да го видиме.

2. Зошто Јехова е најдобриот пријател што можеш да го имаш?

Никој не те сака повеќе од Јехова. Тој сака да бидеш среќен и да му се обратиш во молитва секогаш кога ќе имаш потреба од помош. Можеш да ги фрлиш сите свои грижи на него, зашто тој се грижи за тебе (1. Петрово 5:7). Јехова е секогаш спремен да ги сослуша, да ги утеши и да им ја даде потребната поддршка на своите пријатели. (Прочитај Псалм 94:18, 19.)

3. Што очекува Јехова од своите пријатели?

Јехова ги сака сите луѓе, но „близок е со справедливите“ (Изреки 3:32). Од неговите пријатели, Јехова очекува да се трудат да го прават она што тој го смета за исправно, а да не го прават она што тој го смета за погрешно. Некои мислат дека тоа е претешко за нив. Но, Јехова е милостив. Тој го прифаќа за пријател секој што вистински го сака и се труди да ја врши неговата волја најдобро што може (Псалм 147:11; Дела 10:34, 35).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш нешто повеќе за тоа како можеш да станеш пријател на Јехова и зошто тој е најдобриот пријател што може да го имаш.

4. Авраам бил пријател на Јехова

Библискиот извештај за Авраам (или Аврам) покажува што значи да бидеме Божји пријатели. Прочитај 1. Мојсеева 12:1-4, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што побарал Јехова од Авраам?

  • Што му ветил Јехова?

  • Што направил Авраам?

5. Што очекува Јехова од своите пријатели

Обично, од своите пријатели имаме некои очекувања.

  • Што очекуваш ти од своите пријатели?

Прочитај 1. Јованово 5:3, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што очекува Јехова од своите пријатели?

За да му бидеме послушни на Јехова, можеби ќе треба да го смениме нашето однесување или некои наши карактерни црти. Прочитај Исаија 48:17, 18, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто Јехова очекува неговите пријатели да прават промени?

Еден градежен работник му подава заштитен шлем на својот колега.

Добриот пријател ќе нѐ потсети на некои работи што можат да ни користат и да нѐ заштитат. Јехова го прави истото со своите пријатели

6. Што прави Јехова за своите пријатели

Јехова им помага на своите пријатели да се справат со проблемите. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Јехова направи многу за мене (3:20)

  • Како Јехова ѝ помогнал на Кристл да се бори со негативните мисли и чувства?

Прочитај Исаија 41:10, 13, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што им ветува Јехова на сите свои пријатели?

  • Дали Јехова може да биде добар пријател? Зошто мислиш така?

Слики: Блиски пријатели си помагаат едни на други. 1. Еден човек му помага на друг човек да преместат една голема маса. 2. Една жена ѝ се доверува на друга жена. 3. Еден маж му помага на друг маж да оди бидејќи ногата му е повредена.

Блиските пријатели ти помагаат кога ти е потребно. Таков пријател е и Јехова

7. За да бидеме пријатели со Јехова неопходна е комуникација

Комуникацијата ги зајакнува пријателствата. Прочитај Псалм 86:6, 11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како ние комуницираме со Јехова?

  • Како Јехова комуницира со нас?

Слики: 1. Една жена се моли. Над нејзината глава има стрелка која покажува нагоре. 2. Една жена чита Библија. Над нејзината глава има стрелка која покажува надолу.

Ние зборуваме со Јехова преку молитва, а тој ни зборува преку Библијата

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не е можно да бидеме пријатели со Бог“.

  • Кој стих од Библијата би го употребил за да покажеш некому дека можеме да бидеме пријатели со Јехова?

ШТО НАУЧИ:

Јехова сака да бидеш негов пријател и тој ќе ти помогне да станеш близок со него.

Како би одговорил?

  • Како Јехова им помага на своите пријатели?

  • Зошто Јехова ги поттикнува своите пријатели да прават промени?

  • Дали Јехова очекува премногу од своите пријатели? Зошто мислиш така?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како пријателството со Бог може да влијае врз твојот живот?

„Јехова — Бог што вреди да се познава“ (Стражарска кула од 15 февруари 2003)

Дознај како можеш да станеш пријател со Бог.

„Како да станам пријател со Бог?“ (Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавје 35)

Дознај како пријателството со Јехова ѝ помогнало на една жена да има многу подобар живот.

„Не сакав да умрам!“ (Стражарска кула бр. 1, 2017)

Дознај што велат некои тинејџери за нивното пријателство со Јехова.

Што значи да бидеш Божји пријател? (1:46)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели