Лекција 5
Божјите пријатели ќе живеат во Рај
Рајот нема да биде како светот во којшто живееме сега. Бог никогаш не сакал Земјата да биде полна со тешкотии и тага, болка и страдање. Во иднина, Бог ќе ја направи Земјата рај. Како ќе изгледа Рајот? Да видиме што вели Библијата:
Добри луѓе. Рајот ќе биде дом на Божјите пријатели. Тие ќе прават добри работи еден за друг. Ќе живеат според праведните патишта на Бог (Изреки 2:21).
Изобилство храна. Во Рајот ќе нема повеќе глад. Библијата вели: „Ќе има изобилие од жито [или: храна] на Земјата“ (Псалм 72:16, NW).
Убави куќи и пријатна работа. На рајската Земја, секое семејство ќе има свој сопствен дом. Секој ќе го работи она што му причинува вистинска среќа (Исаија 65:21—23).
Мир низ целиот свет. Луѓето повеќе нема да се борат и да умираат во војни. Божјата реч вели: ‚[Бог] ги прекрати војните до крајот на земјата‘ (Псалм 45:8, 9).
Добро здравје. Библијата ветува: „И ниеден од жителите [на Рајот] нема да каже: ‚болен сум‘ “ (Исаија 33:24). Исто така, никој нема да биде сакат, или слеп, или глув, или неспособен да зборува (Исаија 35:5, 6).
Крај на болката, тагата и смртта. Божјата реч вели: „Смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:4).
Лошите луѓе ќе ги нема. Јехова ветува: „Беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните — искоренети од неа“ (Изреки 2:22).
Луѓето ќе се сакаат и ќе се почитуваат меѓусебно. Ќе нема повеќе неправда, угнетување, алчност и омраза. Луѓето ќе бидат обединети и ќе живеат во склад со Божјите праведни патишта (Исаија 26:9).