ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 6 стр. 10-11
  • Рајот е близу!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рајот е близу!
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Наскоро — подобар живот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Кога Земјата ќе стане рај?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • ”Крајот на светот“ е близу!
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 6 стр. 10-11

Лекција 6

Рајот е близу!

Лошите работи што се случуваат сега на Земјата покажуваат дека Рајот е близу. Библијата вели дека ќе доживееме ужасни времиња токму пред да дојде Рајот. Сега живееме во такви времиња! Еве неколку од работите за кои Библијата вели дека ќе се случат:

Големи војни. „Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство“ (Матеј 24:7). Ова пророштво се остварило. Од 1914 година наваму, имало две светски војни и голем број помали војни. Во нив умреле милиони луѓе.

Нашироко распространети болести. „Од едно место во друго ќе има чуми“ (Лука 21:11, NW). Дали се остварило ова? Да. Ракот, срцевите заболувања, туберкулозата, маларијата, СИДА-та и други болести убиле милиони луѓе.

Недостиг на храна. По целата Земја има луѓе кои немаат доволно да јадат. Секоја година милиони луѓе умираат од глад. Ова е уште едно обележје дека Рајот наскоро ќе дојде. Библијата вели: „Ќе има . . . глад“ (Марко 13:8).

Земјотреси. „На места ќе има . . . потреси“ (Матеј 24:7). Ова, исто така, се остварило во наше време. Над милион луѓе умреле во земјотреси од 1914 наваму.

Злобни луѓе. Луѓето ќе бидат „среброљупци“ и „саможиви“. Ќе бидат „повеќе сластољупци отколку богољупци“. Децата ќе бидат „непокорни спрема родителите“ (2. Тимотеј 3:1—5). Зарем не се согласуваш дека денес има многу такви луѓе? Тие немаат почит кон Бог и им создаваат тешкотии на оние кои се обидуваат да учат за Бог.

Криминал. Исто така „беззаконијата ќе се умножат“ (Матеј 24:12). Веројатно ќе се согласиш дека криминалот е поголем отколку што бил пред неколку години. Луѓето насекаде се во опасност да бидат опљачкани, измамени или повредени.

Сите овие работи покажуваат дека Божјето Царство е близу. Библијата вели: „Кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо“ (Лука 21:31). Што е Божјето Царство? Тоа е Божја небесна влада која ќе донесе Рај на оваа Земја. Божјето Царство ќе ги замени човечките влади (Даниил 2:44).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели