ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 7 стр. 12-13
  • Предупредување од минатото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Предупредување од минатото
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Арката на Ное
    Поуки од Библијата
  • Зачуван „со седуммина други“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Еден свет е уништен со вода — ќе се случи ли тоа пак?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 7 стр. 12-13

Лекција 7

Предупредување од минатото

Јехова нема да дозволи лоши луѓе да го упропастуваат Рајот. Само неговите пријатели ќе живеат таму. Што ќе се случи со лошите луѓе? За да го дознаеш одговорот, разгледај ја вистинитата приказна за Ное. Ное живеел пред неколку илјади години. Бил добар човек кој секогаш многу се трудел да ја врши Јеховината волја. Но другите луѓе на Земјата правеле лоши работи. Затоа Јехова му рекол на Ное дека Тој ќе предизвика потоп за да ги уништи сите тие зли луѓе. Му рекол на Ное да изгради арка за тој и неговото семејство да не умрат кога ќе дојде потопот (1. Мојсеева 6:9—18).

Ное и неговото семејство ја изградиле арката. Ное го предупредил народот дека потопот доаѓа, но тие не го слушале. Продолжиле да прават лоши работи. Откако арката била завршена, Ное ги зел животните во неа, а таму исто така влегле и тој и неговото семејство. Потоа Јехова предизвикал голема бура. Врнело 40 дена и 40 ноќи. Водата ја поплавила сета Земја (1. Мојсеева 7:7—12).

Злобните луѓе го изгубиле животот, но Ное и неговото семејство биле спасени. Јехова безбедно ги пренел преку потопот во земја исчистена од злоба (1. Мојсеева 7:22, 23). Библијата вели дека уште еднаш доаѓа време кога Јехова ќе ги уништи оние кои одбиваат да го прават она што е исправно. Добрите луѓе нема да бидат уништени. Тие ќе живеат засекогаш на рајската Земја (2. Петрово 2:5, 6, 9).

Денес многу луѓе прават лоши работи. Светот е полн со тешкотии. Јехова ги испраќа своите Сведоци секогаш одново за да ги предупредат луѓето, но сепак повеќето не сакаат да ги слушаат Јеховините зборови. Не сакаат да го променат својот начин на постапување. Не сакаат да го прифатат она што Бог го вели за тоа што е исправно, а што погрешно. Што ќе се случи со овие луѓе? Дали ќе се променат еден ден? Многумина нема никогаш да се променат. Доаѓа времето кога злобните луѓе ќе бидат уништени и никогаш повторно нема да живеат (Псалм 91:7).

Земјата нема да биде уништена; ќе биде претворена во рај. Оние кои ќе станат Божји пријатели ќе живеат засекогаш во Рајот на Земјата (Псалм 36:29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели