ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lv стр. 3
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Зачувај ја Божјата љубов
  • Сличен материјал
  • Писмо од Водечкото тело
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • „Зачувај ја Божјата љубов“
    Нашата служба за Царството 2009
  • Живеј според вистината
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Дали е сѐ уште важно што е вистина?
    Разно
Повеќе
Зачувај ја Божјата љубов
lv стр. 3

Писмо од Водечкото тело

Драг читателе кој го сакаш Јехова!

„Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“, рекол Исус (Јован 8:32). Овие зборови се големо охрабрување! Да, можеме да ја знаеме вистината, дури и во овие тешки ‚последни денови‘ кога насекаде околу нас има толку многу лаги (2. Тимотеј 3:1). Се сеќаваш ли на времето кога првпат сфати дека си ја нашол вистината што е објаснета во Божјата Реч? Зарем не беше одушевен?

Меѓутоа, иако е многу важно добро да ја знаеме вистината и да им ја кажуваме на другите, мораме и да живееме во склад со неа. За да можеме да го правиме тоа, треба да останеме во Божјата љубов. Што ќе ни помогне во тоа? Одговорот го наоѓаме во зборовите што ги кажал Исус вечерта пред да умре. На своите верни апостоли им рекол: „Ако ги држите моите заповеди, ќе останете во мојата љубов, како што јас ги држев заповедите на Таткото и останувам во неговата љубов“ (Јован 15:10).

Забележи дека Исус останал во Божјата љубов затоа што ги држел заповедите на својот Татко. Истото важи и за нас. За да ја зачуваме Божјата љубов, треба да живееме според вистината. Истата вечер Исус го рекол и следново: „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“ (Јован 13:17).

Од срце се надеваме дека оваа книга ќе ти помогне да продолжиш да живееш според вистината. Тоа, пак, ќе ти помогне да ја зачуваш Божјата љубов ‚и да се надеваш на вечниот живот‘ (Јуда 21).

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели