ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 48 стр. 116-стр. 117 пас. 1
  • Синот на една вдовица оживеал

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Синот на една вдовица оживеал
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Вдовицата од Сарепта била благословена поради својата вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Имаш ли вера како на Илија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Бил утешен од својот Бог
    Угледајте се на нивната вера
  • Добил утеха од својот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 48 стр. 116-стр. 117 пас. 1
Илија ѝ довикнува на една вдовица која собира дрва

ПОГЛАВЈЕ 48

Синот на една вдовица оживеал

Ќуп со брашно и ќуп со масло

За време на сушата, Јехова му кажал на Илија: „Оди во Сарепта. Таму една вдовица ќе ти даде да јадеш“. Кога стигнал до градската порта, Илија видел како една сиромашна жена собира дрва. Тој ѝ побарал малку вода. Кога тргнала да му донесе, ѝ довикнал: „Те молам, дај ми и малку леб“. Но вдовицата му рекла: „Извини, ама немам леб. Имам малку брашно и масло, само колку да направам нешто за да каснеме со син ми“. Илија ѝ рекол: „Јехова ветува дека, ако ми дадеш малку леб, твоето брашно и твоето масло нема да се потрошат додека трае сушата“.

Затоа, вдовицата отишла дома и направила едно лепче за пророкот на Јехова. Токму како што ветил Јехова, вдовицата и нејзиниот син имале што да јадат додека траела сушата. За сето тоа време имале доволно брашно и масло.

Еден ден, се случило нешто многу жално. Синчето на вдовицата се разболело и умрело. Таа го молела Илија да ѝ помогне. Тогаш Илија го зел детето во раце и го однел во горната соба во куќата. Го ставил на креветот и почнал да се моли: „Јехова, те молам врати му го животот на ова дете“. Тоа што го барал Илија било доста необично бидејќи никој дотогаш не се вратил од мртвите. Освен тоа, вдовицата и нејзиниот син не биле ни Израелци.

Сепак, Јехова го оживеал детенцето! Илија го однел кај мајка му и ѝ рекол: „Син ти е жив!“ Таа била пресреќна и му рекла на Илија: „Сега знам дека навистина си Божји човек затоа што го зборуваш само тоа што Јехова ќе ти го каже. И сѐ што ќе кажеш, се исполнува“.

Илија го носи воскреснатото дете кај вдовицата

„Набљудувајте како гавраните ниту сеат ниту жнеат, немаат складови ниту амбари, а сепак Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие!“ (Лука 12:24)

Прашања: Како вдовицата од Сарепта покажала доверба во Јехова? Од каде знаеме дека Илија бил вистински пророк на Бог?

1. Царевите 17:8-24; Лука 4:25, 26

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели