Вовед во дел 2
Зошто во минатото Јехова го уништил светот со потоп? Откако биле создадени првите луѓе, започнала една борба — борба меѓу доброто и лошото. Некои луѓе, како Адам, Ева и нивниот син Каин, го избрале лошото. Но други, како Авел и Ное, го избрале доброто. Сепак, повеќето луѓе станале толку лоши што Јехова морал да ги уништи. Во овој дел ќе дознаеме дека Јехова гледа што ќе избереме и дека тој никогаш нема да дозволи лошото да го победи доброто.