ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • scl стр. 3-5
  • Вовед

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вовед
  • Библиски стихови за нашиот живот
Библиски стихови за нашиот живот
scl стр. 3-5

Вовед

Со помош на публикацијата Библиски стихови за нашиот живот полесно ќе најдеш библиски стихови и извештаи што ќе ти помогнат да се справиш со проблемите со кои се соочуваш. Исто така, ќе ти помогне да најдеш соодветни библиски стихови за да ги охрабриш другите и за да им помогнеш да носат одлуки со кои ќе го слават Јехова. Избери ја темата која те интересира. Под секоја тема ќе најдеш прашања и кратки описи на библиски извештаи кои ќе ти бидат од помош. (Види го делот рамката „Како да ја користиш оваа публикација“.) За кратко време ќе најдеш библиски стихови кои ќе ти ги дадат советите, водството и утехата што ти се потребни. Освен тоа, ќе најдеш духовни бисери што можеш да ги споделиш со другите — библиски стихови што може да ги охрабрат и да им помогнат да се справат со проблемите.

Како да ја користиш оваа публикација

За да најдеш некоја тема, користи го полето за пребарување или барај низ категориите. Во публикацијата има седум категории: Духовност, Однесување и постапки, Особини, Предизвици, Секојдневен живот, Семејство и Собрание. Темата што те интересира веројатно ќе ја најдеш во една од овие категории. Избери категорија и потоа разгледај го списокот со теми. Ако не си сигурен во која категорија е темата што ти треба, избери Сите и пребарувај низ списокот со теми додека не ја најдеш темата која ја бараш. Во секоја тема има реченици со масни букви кои се во вид на изјава или прашање. Под нив има библиски стихови кои се напишани со масни букви. Додека ги читаш, размислувај како тие даваат поткрепа на она што е напишано во изјавата или како даваат одговор на прашањето. Некои теми се поделени со поднаслови за да можеш полесно да пребаруваш. Понекогаш се дадени дополнителни стихови под „Види и“ во кои има мисли поврзани со темата. А во многу случаи се наведени и „Библиски извештаи“. По секој библиски извештај е наведена главна мисла или поука која ќе ти помогне да знаеш на што да се концентрираш додека го читаш извештајот.

Во оваа публикација не се наведени сите стихови кои се однесуваат на одредена тема, но таа е одлична појдовна точка за истражување (Из 2:1-6). За подлабоко да истражуваш, би можел да ги користиш маргиналиите во Свето писмо — превод Нов свет, па дури и белешките во Изданието на Библијата за проучување на јазик кој го разбираш. Користи го Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци за да научиш нешто повеќе во врска со значењето на некој стих или неговата примена. Во оваа публикација се наведени референци од кои можеш да добиеш повеќе информации за одреден стих. Од најновите референци ќе можеш да дознаеш кои се најновите разбирања на библиските вистини.

Се надеваме дека публикацијата Библиски стихови за нашиот живот ќе ти помогне да ги пронајдеш мудроста, знаењето и разбирањето кои се наоѓаат во Библијата. Додека ја користиш оваа публикација, уште повеќе ќе се увериш дека „речта Божја е жива и делотворна“ (Ев 4:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели