ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/2 стр. 31
  • ”Дијадемата и сведоштвото“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Дијадемата и сведоштвото“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/2 стр. 31

”Дијадемата и сведоштвото“

”ТОГАШ [свештеникот Јехојада] го изведе синот на царот и му ја стави дијадемата и Сведоштвото; и така го направија цар и го помазаа.“ (2. Царевите 11:12). Вака е опишано крунисувањето на царот Јоас во книгата на Царевите. Дали забележа дека покрај ”дијадемата“, или царскиот украс на главата, Јехојада му го ставил на младиот цар и ”Сведоштвото“. Што било тоа сведоштво? И зошто било дел од оваа церемонија на крунисување?

Еврејскиот збор што тука е преведен со ”Сведоштво“ обично се однесува на Десетте заповеди или на Божјиот Закон воопшто (2. Мојсеева 31:18; Псалм 78:5, Revised Standard Version). Во согласност со тоа, паралелниот извештај во 2. Дневници 23:11 според The Jerusalem Bible (1966), гласи: ”Тогаш Јехојада го изведе царевиот син, го круниса, и го му стави Законот.“ Меѓутоа, во 2. Царевите 11:12, овој превод го заменува зборот ”гривна“ со ”Сведоштво“, иако во двата стиха се појавува истиот хебрејски збор. Зошто?

Познатиот германски коментар на Библијата, Herders Bibelkommentar, објаснува дека некои преведувачи не можат да си замислат дека царот би го ставил Законот на главата или на раката. Сепак, кога дискутираат за цар Саул, 2. Самоилова 1:10 споменува гривна (или бразлетна) заедно со круната што ја носел, тие веруваат дека стихот од 2. Царевите 11:12 првобитно гласел ”круната и гривната“. Но тоа е чиста шпекулација. Заменувањето на ”Сведоштво“ со ”гривна“ претставува радикална измена во текстот.

Затоа The New Jerusalem Bible (1985) повторно ја враќа мислата за Законот или законскиот завет, преведувајќи ја фразата: ”и му даде копија од заветот“. Но, дали Јехојада му го дал на Јоас ”Сведоштвото“? Навистина, хебрејскиот збор преведен со ”стави“ може исто така да биде преведен и со ”даде“. Но и во книгата на Царевите и во книгата Дневници се појавува само еднаш, а се однесува и на круната и на Сведоштвото. Освен тоа, веднаш по него следи хебрејскиот збор ”на“. Затоа, ”стави на“ е точниот превод. И дијадемата и Сведоштвото му биле ”ставени на“ младиот цар Јоас, како што покажува Нов Свет Преводот (The New World Translation).

Тогаш, зошто и како големиот свештеник му го ”ставил“ Сведоштвото на младиот цар? Забележи ја примедбата на германскиот научник Ото Тениус: ”Законот, книга во која биле запишани Мозаитските одредби. Симболично се држел над главата на царот откако ќе му била ставена круната.“ (Die Bücher der Könige од Ото Тениус). Слично забележува и професор Ернст Берто: ”Положувањето на Законот [врз царот] навистина имало симболично значење дека царот бил должен да владее во согласност со него.“ (Die Bücher der Chronik од Ернст Берто.)

Бог заповедал дека откако царот ќе седне на престолот, требало да си направи препис од Законот, и да го проучува и применува целиот свој живот (5. Мојсеева 17:18-20). Положувањето на ”Сведоштвото“ врз царот можеби бил краток симболичен гест кој покажувал дека и покрај тоа што сега бил цар, сепак не бил над Јеховиниот Закон. За жал, по смртта на првосвештеникот Јехојада, Јоас ја заборавил оваа животоважна поука и постепено го напуштил обожавањето на Јехова, и на крајот умрел од раката на платениците (2. Дневници 24:17-25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели