”Најдобро од најдобрите“
Така се изразил еден професор по англиски јазик од еден универзитет во Џорџија, САД, во врска со списанието Пробудите се!. Неодамна тој напишал:
”Веќе седум години ги користам списанијата Пробудите се! на факултетот на моите курсеви по композиција [пишување состави], и морам да кажам дека вашите писатели се најдобри од најдобрите. Уводите кои подбудуваат внимание и јасните детаљи кои се содржани во многу од статиите, претставуваат одличен пример за почетници, средни и искусни писатели.
Не само што статиите во Пробудите се! се забавни и информативни, туку и од највисок граматички квалитет. Јас ги користам за да наведам примери за точна употреба на интерпункција, идиоматски изрази, симболичен јазик и дикција. Можноста која му се нуди на читателот да научи нови зборови е навистина предизвикувачка, а сепак освежителна, поинаква од просечните списанија. Успехот на Пробудите се! е доказ за концентрираните напори и вниманието кон деталите што се вложени во секое издание.“
Ако сакате да добиете Пробудите се!, молиме пополнете го и испратете го долниот купон (Списанието можете да го нарачате на српски или хрватски јазик).