ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/9 стр. 24-27
  • Полињата жолти за жетва во Бразил

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Полињата жолти за жетва во Бразил
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Пионерите учествуваат во жетвата
  • Влијанието на свештенството делува на жетвата
  • Натамошните напори донесуваат благослови
  • Променети животи
  • Учествувај целосно во жетвата
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/9 стр. 24-27

Полињата жолти за жетва во Бразил

”КРЕНЕТЕ ГИ своите очи, и погледнете ги полињата дека се веќе бели за жетва. Веќе добива плата жетварот, и собира род за вечен живот“ (Јован 4:35, 36, NW). Овие пророчки зборови на Исус Христос денес се обистинуваат во далечните пространства на огромната јужноамериканска земја Бразил.

Веќе неколку години Јеховините сведоци во Бразил се радуваат на добар пораст. Во 1990 најголем број од 293 466 жетвари на Царството воделе повеќе од 340 000 домашни библиски студии. На 10. април 1990 вкупно 790 926 лица се собрале да ја прослават Исусовата смрт, оној којшто го започнал жетварското дело.

И покрај ваквите убави резултати, дел од полето сѐ уште чека да биде ожнеано. Повеќе од пет милиони луѓе живеат во области на Бразил каде само малку или воопшто не било спроведувано делото на проповедање од страна на Јеховините сведоци. Што било сторено за проширување на жетвата во тие области?

Пионерите учествуваат во жетвата

Во текот на шестмесечниот период, подружницата на Стражарска кула во Бразил испратила полновремени објавители на Царството — 100 привремени специјални пионери и 97 општи пионери — во 97 градови, воглавно во густо населениот источен дел од земјата. Објавителите на Царството од разни собранија исто така доброволно се јавиле да работат во овие области за пократко време. И покрај препреките кои морале да ги совладаат, резултатите биле задоволувачки.

На пример, во Сао Жоао да Понта во државата Минас Жераис, пионерите го посетиле учителот по веронаука во месното училиште. Откако ја слушнал веста, тој нарачал 50 примероци од книгата Учини своју младост успешном за своите часови по катекизам. Еден друг учител им рекол на пионерите кои си заминувале: ”Не би требало да си одите, бидејќи вие вршите толку добро дело овде. Вие сте единствените кои можат да пружат јасно објаснување на Библијата.“

Не биле сите задоволни од ова добро дело. На пример, да погледнеме едно писмо објавено во локалниот весник со наслов на првата страница: ”Свештеник обвинува за поттик на насилство и дискриминација“. Во писмото се вели: ”Во црквата [свештеникот] има обичај да ги поткажува лицата кои следат други секти и религии, и покрај тоа што месното свештенство не пружа адекватно католичко и христијанско водство за верниците според Евангелието. На мисата, тој [вербално] ги нападна слугите на Јеховините сведоци кои се во градот, иако тие не постапуваат лошо со католиците.“ Не покажувајќи такво непријателство, авторот на статијата (инаку теолог) присуствувал на библиското предавање кое го одржале пионерите и довел други заинтересирани лица. Сите тие уживале во состанокот.

Четворица браќа од Форталеза патувале со авион за островот Фернандо де Нороња, на околу 400 километри од копното. Тамошните 1 500 жители преку 15 години не добиле добро сведоштво. За десет дена браќата разделиле 50 книги и 245 списанија и брошури, и започнале 15 домашни библиски студии. Дваесет луѓе присуствувале на Спомен-свеченоста по повод Исусовата смрт, која се паднала во текот на нивната посета. Пионерите се надеваат дека со Јеховина помош делото наскоро ќе добие цврст темел. Некои браќа размислувале да се преселат на островот.

Влијанието на свештенството делува на жетвата

Една група објавители на Царството од собранието Арпоадор од Рио де Жанеиро доброволно се јавиле да поминат две недели во објавување во државата Минас Жераис, оддалечена околу 200 километри. На нивно задоволство, наишле на многу гостољубиво и љубезно население. Секојпат кога ќе се спомнел Бог или неговото име, Јехова, имале обичај да ги подигнат шапките. Поради нивното длабоко почитување за Бог, лесно паѓале под влијание на свештенството.

Во еден град свештеникот ги советувал луѓето да не ги слушаат Јеховините сведоци или да присуствуваат на состанокот кој тие планирале да го одржат. Тој исто така закажал специјална миса во истото време кога и состанокот, и ја емитирал мисата на сет глас преку звучници надвор од црквата. Меѓутоа, и покрај неговите напори, 29 месни жители, не сметајќи ги браќата, присуствувале на состанокот.

Соседниот град бил сосема поинаков! Таму свештеникот им рекол на луѓето да ги слушаат кога Јеховините сведоци ќе ги посетат. Резултатот бил таков што 168 души присуствувале на првиот состанок. Подоцна, тој им рекол да обрнат внимание на тоа како Јеховините сведоци ја слават Спомен-свеченоста, бидејќи, како што рекол тој, ”тие го прават тоа на исправен начин“. За време на двете недели на објавување на Царството во таа област биле резделени 1 014 книги и 1 052 списанија и брошури.

Натамошните напори донесуваат благослови

По еден месец, 34 објавитела на Царството се вратиле да се грижат за библиските студии што биле започнати за време на првата посета. Христијанскиот старешина кој преземал водство, напишал: ”Беше возбудливо да се види како заинтересираните луѓе ни пожелуваа добредојде со благодарност и солзи радосници во очите. Една сестра се сеќава како нејзе и на останатите Сведоци им пришла една жена во еден снек-бар, ”молејќи ги со солзи во очите, да дојдат и да проучуваат со неа“. Една друга госпоѓа проучувала три пати неделно додека Сведоците биле таму. Секој пат однапред се подготвувала и чекала да проучуваат. Госпоѓата вели дека почнала да му се моли на вистинскиот Бог, Јехова. ”Во моево срце осетив дека ова е тоа кое отсекогаш сум го барала“, додала таа.

Подоцна две пионерки биле доделени да се грижат за интересот во таа област. Како во првиот век, ”оние кои биле исправно настроени за вечен живот, станале верници“ (Дела на апостолите 13:48, NW). И како Самарјанката на која Исус ѝ дал сведоштво на Јаковлевиот бунар, тие започнале да им говорат на другите за она кое го научиле (Јован 4:5-30). Денес двајца пионери имаат уште шестмина други кои служат со нив, и просечно 20 лица присуствуваат на седмичните состаноци.

Одушевени од успехот во ова посебно дело, 29 објавитела од собранието Арпоадор отишле да проповедаат во градот Мутум, оддалечен околу 500 километри. ”Приемот беше навистина извонреден“, рекол старешината кој ја водел групата. ”Повеќето луѓе слушаа со таква внимателност и интерес, што беа започнати 170 библиски студии, и сметаме дека многу од нив ќе продолжат.“ За две недели секој од објавителите проповедал во просек по 90 часа и разделил скоро 1 100 примероци литература кај луѓето. На предавањето кое го одржале браќата, присуствувал најголем број од 181 лице.

Неколку месеца подоцна, собранието изнајмило една убава куќа во центарот на Мутум за користење како Царска сала и пионерски дом. Првиот извештај којшто до Друштвото го испратиле две сестри пионерки кои се доделени таму, делумно гласи: ”Поради толку многуте студии кои веќе се почнати, ни требаат повеќе пионери. И покрај помошта од браќата од Рио де Жанеиро еднаш месечно, делото е огромно. Секој деветти станар кај кои настапуваме, нѐ моли пак да навратиме. Исто така ни треба помош за водење на состаноците.“ Сега им се придружил уште еден пионер.

Променети животи

Било многу охрабрувачки да се види како вистината фаќа корен и како раѓа добри плодови. Една нова објавителка напишала: ”Стекнувањето на ова спознание од Библијата е најдоброто нешто кое некогаш ми се случило. Мојот живот се промени на добро, и повеќе не треба да земам седативи. (...) Нека Јехова ве награди за сѐ што сторивте за мене.“

Едно друго лице изјавило: ”Навистина се чудам како Јехова ми ги отвори очите. Иако оваа недела ја изгубив баба ми, сега имам надеж дека пак ќе ја видам. Се надевам дека ќе се крстам, но првин сакам добро да се подготвам. Нека Јехова ве благослови за тоа што дојдовте овде да ни го покажете тесниот пат кој води во вечен живот.“ И една друга жена рекла: ”Сакам да ви кажам дека престанав со пушењето пред еден месец. Многу сум среќна поради списанијата што ми ги испративте. Има толку многу добри работи во нив кои ми помогнаа да постапувам по тоа.“ Секако, жетвата дава добри причини за радување.

Меѓутоа, таквите благослови не дошле без борба. На пример, кога една госпоѓа и нејзината ќерка почнале да проучуваат, месниот свештеник ги предупредил дека ако одат на состаноците на Сведоците, тој ќе ги истера од црквата. Не осврнувајќи се на тоа заканување, тие оделе на состаноците. Потоа биле избегнувани од поранешните пријатели, а некои од нив ги обвинувале дека побудалеле, бидејќи ”тој Јехова“ не се појавува во католичката Библија. Бидејќи госпоѓата не била способна да го пронајде Јеховиното име во својата католичка Библија, ги поканила своите соседи да ја посетат истиот ден кога проучувала со пионерите. Една жена дошла со својот католички паулински превод на Библијата. Кога го прочитала Божјето име во фуснотата во 2. Мојсеева 6:3, таа прифатила библиска студија во својот дом.

Учествувај целосно во жетвата

Каков ефект имало служењето на ретко обработувани подрачја врз самите работници? Еден објавител на Царството рекол: ”Оваа активност послужи да ја зацврсти нашата вера и нашиот однос кон Јехова и ни помогна да ги преиспитаме своите приоритети.“ Еден друг објавител изјавил: ”Тој 14-дневен период ја зголеми мојата љубов спрема браќата кои служат како едно семејство со една цел: да ги бараат кротките. Тоа направи да ги сакам повеќе оние кои ја прифаќаат нашата вест, често пати со солзи во очите, покажувајќи вистинска жед за вистината. А најповеќе од сѐ, ја почувствував Јеховината љубов со тоа што ни ја даде предноста да му служиме.“

Еден старешина кој учетсвувал во проповедањето на ретко обработувано подрачје, го истакнал контрастот помеѓу животот таму и оној во големите градови. Рекол: ”Не можам да си замислам колку животот на браќата би можел да биде збогатен ако се преселат во внатрешноста. Криминалот таму практично не постои. Животот во мали и средни градови е таков што дозволува не само да живееш со многу поскромни средства, туку и да се дружиш повеќе со нашите браќа и да посветиш повеќе време на духовните активности. Дали можат и други пензионирани браќа, млади кои имаат малку семејни одговорности, или браќа чија работа им дозволува да се преселат, да ја прифатат оваа единствена предност и да си донесат радост на самите себе, на Јехова, и своите блиски?“

Овој извештај за ретко обработувани подрачја во Бразил докажува дека полињата се жолти за жетва. За само две години, делото на ова поле резултирало со 191 ново собрание и одделни групи. Останува да се направи уште многу, но Јехова сигурно ќе продолжи да го дава својот благослов колку што повеќе објавители на Царството земаат учество во плодната жетва. Дали можеш ти да имаш поголем удел во неа?

[Карта/слика на страница 25]

Среќни Сведоци од Рио де Жанеиро учествуваат во жетвата

[Карта]

(Види во публикацијата)

БРАЗИЛ

[Слика на страница 26]

Сведочење на село во Минас Жераис

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели