ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/4 стр. 3-4
  • Ни треба некој да нѐ слуша

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ни треба некој да нѐ слуша
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • „Изнесете му ги своите барања на Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/4 стр. 3-4

Ни треба некој да нѐ слуша

КАКО ЛУЃЕ, се обидуваме да најдеме радост и задоволство во животот. Но кога ќе се појават лични проблеми, колку е корисно и утешно да се има некој со кого можеме да разговараме за проблемите!

Д-р Џорџ С. Стивенсон вели: „Разговарањето за работите помага да ни се олесни напнатоста, помага да ја видиме нашата загриженост во појасна светлина и честопати помага да видиме што можеме да сториме околу тоа“. Д-р Роуз Хилфердинг забележала: „Сите ние мораме да ги споделуваме своите грижи. Мораме да почувствуваме дека постои некој на светот кој е спремен да слуша и кој е во состојба да помогне“.

Секако, ниеден човек не може потполно да ја исполни оваа потреба. Поради временски ограничувања и други фактори, нашите човечки довереници можеби ни недостасуваат кога најмногу ни требаат, или можеби ние сме нерешителни да дискутираме за некои работи дури и со нашите најблиски пријатели.

Меѓутоа, вистинските христијани никогаш не се потполно без уво кое ќе слуша, бидејќи пристапот во молитва е секогаш на располагање. Библијата секогаш одново нѐ поттикнува да му се молиме на Бог, нашиот Творец, чие име е Јехова. Упатени сме да се молиме искрено во името на Исус и во склад со Божјата волја. Дури и личните и приватни работи се исправна тема на молитва. „Во сѐ . . . изјавувајте ги пред Бога своите барања“, речено ни е во Филипјаните 4:6. Каков извонреден подарок! Суверениот Владетел на нашата вселена е секогаш спремен да ни изрази добредојде и да ги прими молитвите на своите понизни слуги, секогаш кога тие ќе посакаат да му пристапат (Псалми 83:18, NW; Матеј 6:9-15; Јован 14:13, 14; 1. Јованово 5:14).

Но, дали Бог навистина слуша? Можеби за некои ќе биде чудно ако делотворноста на молитвата е ограничена на човечката способност: Поединецот се моли, ги дотерува своите мисли и ги изразува со зборови. Откако така го означил својот проблем, бара исправна одлука и спремен е на сѐ што би можело да придонесе за постигнувањето на тоа. Кога проблемот ќе се реши, може да му оддаде признание на Бог, но всушност саканите резултати дошле преку неговиот ум и напори.

Денес многумина мислат дека вложувањето на својот ум и напори во некој проблем е сѐ што навистина е важно за молитвата. Дали и ти мислиш така? Дали моќта на молитвата со тоа е ограничена? Познато е дека душевниот и физичкиот напор на поединецот играат значајна улога во добивањето на одговорите. Меѓутоа, каква е Божјата улога во таа работа? Дали Бог слуша кога му се молиш? Дали твоите молитви ги смета за важни, дали ја разгледува нивната содржина и дали одговара на нив?

Одговорите на овие прашања се значајни. Ако Бог не обраќа внимание на нашите молитви, тогаш молитвата има само психолошка вредност и ништо повеќе. Од друга страна, ако Бог ја прима и ја слуша со интерес секоја наша молитва, колку благодарни би требало да бидеме за таквата подготовка! Тоа би требало да нѐ подбуди секојдневно да ја користиме таа подготовка.

Затоа те покануваме да прочиташ како овие спорни прашања се обработени во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели