ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/6 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Не плаши се од страшните ѕверови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Борба со два крволочни ѕвера
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Погубување на Големиот Вавилон
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/6 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Библијата го потврдува постоењето на еднорози кои се споменуваат во некои преводи?

Преводите King James, Douay и некои други, споменуваат еднорози. Но тоа не е случај со модерните преводи кои точно го преведуваат хебрејскиот јазик (Псалми 22:21; 29:6; 92:10, NW; [21:22; 28:6; 91:11, Douay).

Низ вековите се развиле многу митови за животни со тело и глава на коњ, но кои имале нозе на елен и опашка на лав. Можеби најособеното обележје на овие легендарни творби е едниот извиткан рог на неговото чело.a

„Луѓето некогаш верувале дека рогот на еднорогот содржи противотров, а во текот на средниот век, наводно, пудерот направен од такви рогови се продавал за екстремно високи цени. Повеќето научници веруваат дека ликот на еднорогот потекнува од „ти-реков-ми-рече“ европски извештаи за носорогот“ (The World Book Encyclopedia). Извесни асириски и вавилонски споменици прикажуваат еднороги животни. Тие сега се идентификувани како елени, козорози, крави и бикови, нацртани од профил, така што не се гледаат обата рога.

Ова е важно за истражувачите на Библијата, затоа што Писмото девет пати се осврнува на едно животно со хебрејскиот збор рее́м (4. Мојсеева 23:22; 24:8; 5. Мојсеева 33:17; Јов 39:9, 10; Псалм 22[21]:21; 29:6, NW; 92[91]:10; Исаија 34:7). Преведувачите долго биле во неизвесност за какво животно станува збор. Грчката Септуагинта го преведува рее́м во смисла ‚со еден рог‘ или еднорог. Латинската Вулгата честопати го преведува како „носорог“. Други преводи употребуваат ‚див вол‘, ‚диви ѕверки‘ или ‚бивол‘. Роберт Јанг едноставно го транслитерира хебрејскиот збор на англиски како „Reem“, и всушност го остава читателот во незнаење.

Сепак, денешните научници ја отстраниле таа конфузија околу изразот рее́м. Лексикографите Лудвиг Келер и Валтер Баумгартнер покажуваат дека тоа значи „див вол“, со научната идентификација Bos primigenius. Тоа е „подсемејство од големото семејство рогати копитари“. The New Encyclopædia Britannica објаснува:

„Извесни поетски пасажи од Стариот Завет се осврнуваат на силни и величествени рогати животни, наречени рее́м. Овој збор во многу преводи е преведен како ‚еднорог‘ или ‚носорог‘, но многумина современи преводи го преведуваат со ‚див вол‘ (европски бизон), што е коректното значење на хебрејскиот рее́м.

Бидејќи во англискиот јазик зборот „вол“ ја содржи смислата на кастриран бик, преводот New World Translation of the Holy Scriptures доследно и коректно го преведува рее́м со „див бик“. Изгледа дека европските бизони (див вол или бик) изумреле во 17. век, но научниците заклучиле дека тие биле доста поинакви од еднорогот од легендите. Древните европски бизони имале телесна висина од околу 1.9 метри и должина од околу три метри. Веројатно тежеле 900 килограми, а секој од нивните два рога бил долг преку 75 сантиметри.

Ова секако се согласува со библискиот рее́м, или див бик. Тој се одликувал со својата сила и нескротлива нарав. (Јов 39:10, 11, Ст), како и со својата брзина (4. Мојсеева 23:22; 24:8, NW). Очигледно имал два рога, а не еден како легендарниот еднорог. Мојсеј се осврнал на неговите рогови кога ги опишал двете моќни племиња кои требало да произлезат од двата сина на Јосиф. (5. Мојсеева 33:17).

Така, Библијата не ја поддржува идејата за еднорози како што ги слават во легендите. Таа ни дава точна, иако ограничена, слика за крупните застрашувачки европски бизони, или диви бикови, кои постоеле од библиски времиња па сѐ до не така далечното минато.

[Фуснота]

a Професор Паул Хаупт објаснува: ‚Во средновековните збирки, рогот на носорогот или забецот на нарвалот (наречен еднорога риба или еднорог кит) биле сметани за рогови на еднорог‘.

[Извор на слика на страница 31]

Ризница на фантастични и митолошки суштества: 1.087 прикази од историски извори (Treasury of Fantastic and Mythological Creatures: 1,087 Renderings from Historic Sources) од Рихард Хубер/Dover Publications, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели