ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/6 стр. 32
  • Нема да се разочараш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нема да се разочараш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Зошто го прават тоа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — „Божји начин на живот“
    Нашата служба за Царството 1998
  • Обласен конгрес за 1996: „Гласници на божествен мир“
    Нашата служба за Царството 1996
  • Конгресите — радосни потврди на нашето братство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/6 стр. 32

Нема да се разочараш

НА една брачна двојка ѝ требало два дена за да стигне до таму. Тие пешачеле 70 километри носејќи две малечки деца низ џунгли опустошени од пијавици, и преку реки преплавени од тајфунски дождови. Но биле одлучни да не го пропуштат.

Две жени од Заир пешачеле преку 500 километри и поминале 14 дена на пат за да бидат таму. Исто така во Заир, еден 70-годишен старец стигнал таму возејќи се на својот велосипед 260 километри. Не го спречила оддалеченоста или неудобноста. Му било важно да не го пропушти.

Каде оделе сите тие? На еден од големите собири на Јеховините сведоци што биле организирани во нивните земји. И колку и да било тешко патувањето, сите чувствувале дека нивните напори се исплатиле.

Дали веќе си направил планови да присуствуваш на Обласните конгреси „Светлоносци“ во 1992? Веројатно ти не ќе мораш да поминеш толкави далечини како овие верни луѓе за да присуствуваш. Но дури и ако мораш да поднесеш некаква неудобност, те поттикнуваме да не го пропуштиш.

Подготвена е извонредна и многу практична програма. Ако се радуваш на христијанско дружење и ако си заинтересиран да научиш како можеш да најдеш вистински мир, што донесува иднината или како да ја вршиш подобро Божјата волја, ти ветуваме дека нема да се разочараш. Секој Сведок во твоето место ќе ти каже каде и кога се одржува најблискиот конгрес.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели