ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/10 стр. 3
  • Семејството на удар!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејството на удар!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Семејството — човечка неопходност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Семејните проблеми — обележје на времето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/10 стр. 3

Семејството на удар!

„СЕМЕЈСТВОТО е најстарата човечка институција. Во многу погледи и најважната. Тоа е најосновната единка на општеството. Цели цивилизации преживеале или исчезнале зависно од тоа дали семејствата биле цврсти или слаби.“

Тоа е запишано во The World Book Encyclopedia уште во 1973. Меѓутоа, гледано од денешна перспектива, овие зборови добиваат несреќен, скоро злокобен призвук. Последниве неколку години сведочат за нешто што е рамно на директен напад врз семејниот живот. Познатиот советник Џон Брадшо пишува: „Постои криза во денешното семејство. . . . Високата стапка на разводи, малолетничките насилства, масовната злоупотреба на дрога, епидемичните инцести, болестите поврзани со начинот на исхраната и физичкото малтретирање се доказ дека во суштина нешто не е во ред“.

Навистина, ‚доказите дека во суштина нешто не е во ред‘ со семејството можат да се најдат по целиот свет. Во врска со ситуацијата во Европа, списанието The Unesco Courier рекло: „Од 1965 па наваму, постои голем пораст во бројот на разводи по целиот континент. . . . постои пораст во бројот на семејства со еден родител“. Земјите во развој слично забележуваат пораст на семејната криза. Писателката Елен Трембли забележува: „За милиони луѓе, кои живеат во општества во кои со векови постоел нормален, предвидлив, непроменлив начин на живот, денес е време на немир“.

Особено е алармантна атмосферата што денес постои во многу домови. Само во САД, милиони и милиони деца се одгледувани од родители алкохоличари. Исто така, постои страотен пораст на насилство во семејството. Во својата книга Интимно насилство (Intimate Violence), истражувачите Ричард Џелс и Мари Штраус известуваат: „Поверојатно е да бидеш физички нападнат, претепан и убиен во твојот сопствен дом од рацете на својот близок, отколку било каде или од било кој друг во нашето општество“.

Ако опстанокот на цивилизацијата навистина зависи од цврстината на семејството, постои причина да се стравува за иднината на цивилизацијата. Сепак, судбата на цивилизацијата можеби ни најмалку не те загрижува. Повеќе од веројатно си заинтересиран што таквата бркотија може да значи за твоето семејство. И каков ќе биде исходот? Одговорот од еден авторитативен извор може мошне пријатно да те изненади.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели