Време на жетва!
ЗОШТО историјата на „христијанството“ била толку нехристијанска? Многу луѓе кои размислуваат го поставиле ова прашање, а Исус го одговорил пред скоро 2.000 години во една споредба. Раскажал за еден „човек, што посеал добро семе на својата нива“. Потоа ‚дошол неговиот непријател и посеал меѓу житото какол‘. Кога семето израснало, работниците го забележале каколот и сакале да го искорнат. Но, човекот рекол: „Оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетвата“. За време на жетвата, житото ќе биде одделено од каколот (Матеј 13:24-30).
Кога дал објаснување за споредбата, Исус рекол дека самиот тој е оној кој го посеал ‚доброто семе‘ — вистинските христијани. Непријателот е Сатана, кој го посеал ‚каколот‘ — така што вовлекол лажни христијани во собранието. Исус дозволил лажните и вистинските христијани да постојат заедно — но само до жетвата. Тогаш тие ќе бидат одделени (Матеј 24:36-44).
Затоа не сме изненадени кога дознаваме дека „христијанските“ организации низ вековите го обесчестувале Бог со тоа што усвоиле пагански доктрини, одобрувале неморал, поддржувале освојувачки војни и воделе свирепи инквизиции. Во сето тоа го препознаваме злото семе засеано од Сатана. Но, кога читаме за поединци кои претрпеле затвор или смрт поспремно отколку да ги компромитираат библиските начела, можеме да видиме дека доброто семе не било уништено.
Исус рекол дека жетвата е „свршетокот на светот“. Бидејќи ние живееме во свршетокот на овој денешен светски систем на ствари, ова мора да е време на жетвата! Затоа мора да се одиграло одвојувањето помеѓу вистинските и лажните христијани. Денес постои цел народ, а не само одделни поединци кои одговараат на Исусовиот опис за вистинските христијани — поданици се на Божјето Царство и ја проповедаат добрата вест за него, го унапредуваат библискиот морал и ги отфрлаат паганските доктрини пред библиската вистина, го објавуваат Божјето име и не се дел од светот (Матеј 6:33; 24:14; Јован 3:20; 8:32; 17:6, 16).
Те уверуваме, таков народ постои! Сакаш ли да му служиш на Бог прифатливо? Тогаш побарај го овој народ, и заедно со него служи му на Бог.