ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/2 стр. 32
  • „Поголем од силен град“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Поголем од силен град“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/2 стр. 32

„Поголем од силен град“

„ПРИ СЕГАШНИВЕ стапки, околу 40 отсто од американските деца ќе го доживеат распадот на бракот на нивните родители пред да наполнат 18 години“ (Science, 7. јуни 1991). Какви застрашувачки статистички податоци! Зошто се случува тоа?

Едвард М. Гинсберг, судија при судот за социјални грижи и при судот за оверување на тестаменти, во едно интервју за The Boston Globe, го изложил своето гледиште. Тој рекол: „Ние сме едно себично општество. Секој гледа само за себе. Прашуваме: ‚Што добивам сега јас од тоа?‘ Сакаме моментално задоволство“.

Таквата незрела себичност води до огорченост и до конфликти во бракот. Судијата Гинсберг вели дека кога двојките конечно ќе стигнат до судот за развод, и сопругот и сопругата бараат оправдување. Тие сакаат некој да им каже дека се во право, а дека нивниот партнер не е. Сакаат некој да им рече: „Ти ја доби битката“.

Неговите зборови нѐ потсетуваат на инспирираната изрека: „Братот против кого е направен престап е поголем од силен град“ (Изреки 18:19, НС). Да, кога ќе дојде до раздор во еден брак, завојуваните страни можат да бидат неразумни и груби. Честопати, упорно не сакаат да попуштат, исто како „силен град“ под опсада.

Дали мора да биде тоа така? Не, постои алтернатива. Браковите се јаки и издржливи кога обете страни, уште од самиот почеток, внимаваат на зборовите на апостол Павле: „Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефесјаните 4:32). Дали е лесно да се развиваат таквите особини? Не секогаш. Но колку е лесен разводот? Колку се болни емоционалните и финансиските товари на еден распаднат брак? А што е со децата кои често ги носат белезите на разводот на родителите сѐ до својата зрелост?

Далеку е подобро за обата партнера да работат на тоа бракот да се зачува и да не бидат непомирливи еден спрема друг, како „силен град“. Павловиот совет до христијаните се однесува особено на брачните двојки: „Облечете се во љубов, која е врска на совршенството [која е совршена врска на единство, НС]“ (Колосјаните 3:14).

[Извор на слика на страница 32]

The Complete Encyclopedia of Illustration/Џ. Г. Хек

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели