ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Со кого се оженил Каин?
    Одговор на библиски прашања
  • Браќа што развиле различни ставови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Да му принесуваме на Јехова прифатливи жртви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Каде нашол Каин жена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/2 стр. 31

Прашања од читателите

Бог го предупредил Каин дека ‚гревот клечи на влезот, и копнее по него‘ (НС) што изгледа како да алудира на див ѕвер и на неговиот плен (1. Мојсеева 4:7). Зошто би се изразил така кога пред Потопот животните јаделе само растенија?

Во книгите што ги напишал Мојсеј наоѓаме повеќе стихови кои покажуваат факти или историски настани кои можеби не одговараат на нивната историска позадина.

На пример, извештајот од 1. Мојсеева 2:10-14 дава географски детали околу Еденската градина. Мојсеј напишал дека едната река ‚течела на исток од Асирија‘. Но земјата Асирија го добила своето име од Асур, Симовиот син роден по Потопот (1. Мојсеева 10:8-11, 22; Језекиил 27:23; Михеј 5:6). Очигледно, во својот точен инспириран извештај, Мојсеј само го употребил терминот „Асирија“ за да се осврне на подрачје кое им било познато на неговите читатели.

Разгледај уште еден пример од првите поглавја на 1. Мојсеева. Откако Адам и Ева згрешиле и биле истерани од градината, Јехова ги спречил да се вратат. Како? Во 1. Мојсеева 3:24 стои: „Го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје [распламтен меч, НС], кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот“. Забележи, „распламтен меч“. Дали Бог ги измислил мечовите?

Не мора да заклучиме дека нашиот љубезен Творец бил првиот кој го направил она што ни е познато како меч. Адам и Ева виделе дека нешто се врти и пламти пред ангелите. Но што точно било тоа? Кога Мојсеј ја пишувал книгата 1. Мојсеева, мечовите биле познати и се користеле во војувањето (1. Мојсеева 31:26; 34:26; 48:22; 2. Мојсеева 5:21; 17:13). Значи, Мојсеевите зборови „распламтен меч“ им овозможувале на неговите читатели до одреден степен да си претстават што постоело на влезот од Еден. Информациите кои биле познати во времето на Мојсеј придонесувале да се разберат таквите работи. И јазикот кој Мосеј го употребил сигурно бил прецизен, зашто Јехова го употребил во Библијата (2. Тимотеј 3:16).

Што станува со 1. Мојсеева 4:7? Таму Бог го предупредил Каин: „Ако се обратиш да чиниш добро, нема ли да има возвишување? Но ако не се обратиш да чиниш добро, гревот клечи на влезот, и копнее по тебе; а ти, дали ти ќе го надвладееш?“ (НС). Како што е забележано, изгледа како јазикот да дава слика на гладен див ѕвер кој клечи за да скокне и да го голтне пленот.

Сепак, доказите во Библијата покажуваат дека Адам и Ева живееле во мир со сите животни. Некои животни можеби се чувствувале многу угодно покрај луѓето, та дури живееле во нивната близина. Други биле диви ѕверки — животни кои, се разбира, барале живеалишта подалеку од луѓето (1. Мојсеева 1:25, 30; 2:19). Сепак, Библијата не укажува дека некои од животните ловеле други животни или луѓе. Во почетокот, како храна за животните и луѓето Бог особено ги одредил растенијата (1. Мојсеева 1:29, 30; 7:14-16). Тоа не се променило сѐ до после Потопот, како што покажува 1. Мојсеева 9:2-5.

Тогаш, што е со Божјето предупредување упатено до Каин како што читаме во 1. Мојсеева 4:7? Секако ликот на суровиот ѕвер клекнат и подготвен да се фрли на жртвата можело лесно да се разбере во времето на Мојсеј, а и ние го разбираме. Значи, и овде, Мојсеј можеби користел јазик приспособен на читатели кои биле запознаени со постпотопниот свет. А Каин, дури и никогаш да не видел такво животно, би можел да ја сфати смислата на предупредувањето со кое грешната желба во него е споредена со гладен, ненаситен ѕвер.

Првенствените гледишта кои треба да имаат поголемо влијание на нас се следниве: Божјата љубезност што го предупредил Каин, вредноста од понизното прифаќање на совет, колку лесно може љубомората некого да го расипе и колку сериозно треба да ги сфаќаме другите божествени предупредувања кои Бог ги дал за нас во Библијата (2. Мојсеева 18:20; Проповедник 12:12; Језекиил 3:17-21; 1. Коринтјаните 10:11, НС; Евреите 12:11; Јаков 1:14, 15; Јуда 7, 11, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели