ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/4 стр. 3-4
  • Дали човечкото водство потфрлило?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали човечкото водство потфрлило?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Обиди за крај на сиромаштијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Барај водство од Бог во сѐ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/4 стр. 3-4

Дали човечкото водство потфрлило?

КОЈ е тој што ги создал сите работи? Ако твојот одговор гласи: „Бог“ — тогаш ти се сложуваш со милионите кои веруваат во Творецот, Богот на Библијата.

Сепак, многумина кои веруваат во Бог тешко можат да прифатат дека тој е активно вклучен во решавањето на човековите проблеми. Дали е реално да се размислува дека Бог има своја програма која веќе се спроведува, а која на човештвото ќе му донесе олеснување? Многумина не можат за ова да пронајдат прифатлив доказ.

Луѓето, во потрагата по решенија, со илјадници години експериментирале со безброј методи со цел да си помогнат, изоставувајќи го Бог од сето тоа. Но, дали пронашле решенија, или проблемите стануваат сѐ посериозни и сѐ потешки за да се решат? Како човекот излегува накрај со денешните сериозни проблеми во светот?

Еден стручњак тоа вака го изразил: „Уште од индустриската револуција, развиените земји прекумерно ги експлоатирале природните извори во светот преку неодрживи модели на производство и потрошувачка, предизвикувајќи штета на целата околина и штета на земјите во развој.

Човекот продолжува да ја уништува Земјата. Аргентинскиот весник Clarín коментирал: „Во втората половина од овој век, економската алчност, малата претпазливост и несовесноста се одговорни за големите катастрофи кои не само што предизвикале човечки жртви туку ја уништиле околината, често пати до непроценлива мера“.

Се чини дека крајното сиромаштво денес е постојано обележје на современото општество. Дури и т. н. богати земји во светот потклекнуваат под прекумерната тежина на сиромаштвото. Според весникот The Globe and Mail од Торонто (Канада), пресметано е дека „една третина од сите Канаѓани ќе доживеат сиромаштво во текот на нивниот работен век“. Весникот додава дека „распадот на семејството е една од главните причини за сиромаштијата, а трендот во последниве години се забрзува“.

Злоупотребата на дрога е уште еден знак на општеството кое се распаѓа. Што може човештвото да стори за ова? Очигледно, општо земено многу малку. Милиони и понатаму доживуваат телесна, ментална и морална деградација како директна последица од злоупотребата на дрога. А проблемот се шири со молскавична брзина.

Се чини, научниците ја губат војната со болестите. Вистина, современата технологија добила многу битки. Сепак, некои научни постапки сами придонеле за појавата на нови соеви опасни микроби отпорни на лекови.

Човечките влади не можат да го спречат раширеното насилно кршење на човековите права. На пример, пресметано е дека, и покрај многуте формулирани гаранции и закони за да се спречи ропството, во целиот свет повеќе од сто милиони луѓе се принудени да работат под услови рамни на мизерно робување.

Но, зошто потфрлило човечкото водство? Разгледај ги овие фактори: Човечкото водство потекнува од луѓе — луѓе кои имаат сериозни ограничувања. Нивното животно искуство е релативно кратко и воопшто, ограничено со одредена култура или околина. Нивното знаење е исто така ограничено. Какво и да е водството што ќе го пружат, тоа ќе ги одразува овие ограничувања. Како што рекол апостол Павле: „Сите згрешија и се лишени од славата Божја“ (Римјаните 3:23).

Во стварноста, повеќето од проблемите и тешкотиите кои ги доживува поголемиот дел од човештвото се директна или индиректна последица од игнорирањето на Божјето водство. Тогаш, каде може да се пронајде таквото водство? На кој начин Бог денес ни дава упатства? Следната статија ќе се позанимаваме со овие одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели