ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/4 стр. 4-7
  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Обликуван да го прима Божјето водство
  • Божествено авторство на Библијата
  • Секогаш корисна — никогаш штетна
  • За оние кои го следат Божјето водство — сигурна иднина
  • Барај водство од Бог во сѐ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто да бараме совети во Библијата?
    Разбудете се! 2006
  • ”Гледај, сѐ ново создавам!“
    „Гледај! Сѐ ново создавам!“
  • Водство далеку подобро од инстинктот
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/4 стр. 4-7

Каде можеш да најдеш сигурно водство?

„ЗНАМ, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои. Казни (исправи, НС) ме Господи“ (Јеремија 10:23, 24).

Библискиот писател Јеремија ги напишал овие зборови пред околу 25 века. Бедната состојба на човештвото после илјадници години низ кои го воделе луѓе ја докажува неоспорната вистина на оваа изјава. Но, би можел да прашаш: „Каде може да се најде сигурно водство?“

Стихот што е погоре цитиран укажува на изворот на веродостојно водство кое е далеку посупериорно од човечкото водство — водството на Творецот на човекот, Јехова Бог. Сигурно никој подобро не ја познава човековата градба со неговите потреби од нашиот Творец. Меѓутоа, дали Бог е заинтересиран да обезбеди такво водство? На кој начин тој го прави тоа? Дали е практично за денешно време?

Обликуван да го прима Божјето водство

Знаеме дека она што го одделува човекот од животните е градбата, способноста и функциите на мозокот кај човекот. Кај животните речиси сите мозочни функции се програмирани за т. н. инстинктивна мудрост. Меѓутоа, кај луѓето не е така (Изреки 30:24-28).

За разлика од мозокот на животните, голем дел од мозокот на човекот нема одредени програми. Бог ги обдарил луѓето со право на слободна волја, овозможувајќи им да донесуваат интелигентни одлуки и да покажуваат повозвишени особини како што се љубов, великодушност, несебичност, праведност и мудрост.

Дали е логично да се мисли дека Бог го создал човекот со такви мисловни способности без да овозможи некакво водство во врска со тоа како може да ги употреби на најдобар можен начин? На првите луѓе Бог им дал директно водство (1. Мојсеева 2:15-17, 19; 3:8, 9). Дури и откако човекот паднал во грев, Јехова и понатаму ги водел верните мажи и жени, највидливо преку неговата сопствена инспирирана Реч, Библијата (Псалм 118:105). Тоа на луѓето им овозможува успешно да се соочуваат со секојдневните животни проблеми додека својата слободна волја мудро ја користат.

Божествено авторство на Библијата

Што ја прави Библијата веродостоен извор за водство? Како прво, изнесува информации кои само Творецот може да ги даде. Ја прикажува историјата на настаните кои се случиле долго пред да започне човечкиот живот. На пример, како Земјата успешно во етапи била подготвувана додека не станала погодна да го поддржува човечкиот живот (1. Мојсеева, поглавја 1 и 2). Иако ова било запишано во Библијата пред повеќе од 3.000 години, во склад е со современите научни концепти.

Долго пред човештвото општо да прифати дека Земјата е тркалезна, Библијата објавила: „Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо“ (Јов 26:7). Понатаму, Библијата открива дека „Он е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него“ (Исаија 40:22). Единствено Бог, Творецот, можел да ја даде оваа поединост.

Способноста да се предвиди иднината не е дар кој му е даден на човекот. Всушност, Творецот ја претскажува иднината преку страниците на Библијата. Бог го вдахновил пророкот Исаија за Него да напише: „Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало“ (Исаија 46:9, 10).

Библијата покажала дека може да го претскаже крајот уште на почетокот со запрепастувачка точност. На пример, ги прорекла подемот, падот и карактеристиките на главните светски сили во текот на илјадници години од човечката историја. Овие значајни пророштва биле напишани со векови, а во некои случаи и илјадници години пред нивното исполнување. Така, Библијата со точност ги прорекла денешниве настани, како и нивниот конечен исход. Библијата е единствена и по тоа што го кажува начинот за преживување за време на уништувањето на несовршените човечки влади во Армагедон, ‚војната во оној голем ден на Бога Седржителот‘. Оваа голема акција ќе ја спроведе Божјето Царство кое е во рацете на неговиот Син Исус Христос (Откровение 16:14, 16; 17:9-18; Даниил, поглавја 2 и 8).

Секогаш корисна — никогаш штетна

Само човечката мудрост е несовршена; затоа, човечкиот совет не е секогаш корисен, иако може да биде даден од добри намери. Тоа не е случајот со библискиот совет. Бог самиот вели: „Јас сум Господ . . . Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда — како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).

Божественото водство ни помага да поставиме приоритети и да следиме повозвишени вредности во животот. Додека современото општество ги нагласува материјалните успеси и цели, Библијата потенцира колку е вредно за нас да го имаме „предвид не видливото, туку невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото — вечно“ (2. Коринтјаните 4:18). На овој начин сме охрабрени да ги имаме најпрекрасните цели во животот, имено, духовните цели во поврзаност со вршењето на Божјата волја, крајната цел на вечниот живот во праведниот нов систем.

Додека христијаните се напрегаат да ги следат овие возвишени цели, библиските совети им помагаат да живеат на најдобриот можен начин во овој злобен систем на ствари. Современата човечка мудрост настојува да ја поттикне филозофијата да се работи колку што е можно помалку, а да се заработи колку што е можно повеќе. Од друга страна, Библијата ни вели дека „мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува“. Апостол Павле на еврејските христијани им напишал: „Оти сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме“ (Изреки 10:4; Евреите 13:18).

Библијата исто така дава практични совети во врска со семејното уредување. Ги утврдува посебно улогите на сопругот и на сопругата во брачното уредување, како и исправниот начин на воспитување и образување на децата. Таа вели: „Мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; . . . а жената да се бои од [да има длабоко почитување кон, НС] мажот свој. Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, . . . вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов!“ Следењето на возвишените совети од Творецот многу придонесува за стабилност и среќа на семејствата (Ефесјаните 5:21–6:4).

За оние кои го следат Божјето водство — сигурна иднина

Пишаната Божја Реч го покажува решението што го има Бог за сите проблеми на човештвото. Многу бргу Јехова Бог ќе го отстрани сегашниов систем на ствари со сета негова болка, неправда и страдања и ќе го замени со својот праведен нов систем. Библијата го опишува тоа во 2. Петрово 3:7-10, додавајќи во 13. стих: „Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“. Од тоа во голема мера се состои најдобрата добра вест која може да му биде дадена на човечкото семејство. Токму тоа е пораката што ја претставува Библијата, а која Јеховините сведоци ја проповедаат во повеќе од 200 земји и морски острови.

Кога Божјата волја ќе се извршува на целата Земја, целата човечка фамилија ќе има корист од следењето на одличното водство од својот Создател, Јехова. Повеќе нема да постојат проблеми како сиромаштво, криминал и дрога. Никогаш повеќе човештвото нема да биде погодено од болести, старост и смрт. Човечкото семејство ќе биде подигнато до совршенство кое нашите прародители го имале пред да се побунат против Божјето водство.

Колку добро последната книга од Библијата ја сумира среќната состојба на оние кои својата доверба ја полагаат на божественото водство! Откровение 21:4, 5 вели: „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“. Нашиот Творец го гарантира тоа, со зборовите: „Ете, сѐ ново создавам“. Тој додава: „Овие зборови се вистинити и верни“.

Ако сакаме да ги добиеме овие благослови, што очекува Бог од нас? Апостол Павле објаснува дека Божјата волја е „сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Јеховините сведоци срдечно ти предлагаат да стекнеш точно спознание на вистината со помош на темелна студија на Библијата. Преку марливо учење за божествената волја и ти можеш лично да откриеш дека божествената мудрост е единственото веродостојно водство во овие опасни времиња. Итноста на времето налага ова водство да се следи денес повеќе од кога и да е порано!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели