ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/4 стр. 19-21
  • Дали е тоа навистина кражба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е тоа навистина кражба?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Чии пари се тоа?
  • Позајмување или кражба?
  • Доверба во Бог
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Пари
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/4 стр. 19-21

Дали е тоа навистина кражба?

АБИОДУН бил шеф на сала во еден голем хотел во Нигерија. Една вечер, додека ја заклучувал салата за свечености, пронашол торба со пари во вредност од 1.827 американски долари. Без двоумење ги предал парите кои подоцна сопственичката, гостинка на хотелот, си ги побарала. Управата на хотелот го наградила Абиодун со двојно унапредување и му ја дале наградата „Најдобар работник на годината“. Сопственичката на парите исто така го наградила.

Quality, едно месно списание, го објавило тоа, нарекувајќи го Абиодун „добриот Самарјанин“. Кога бил запрашан од Quality дали бил во искушение да ги задржи парите за себе, Абиодун рекол: „Јас сум Јеховин сведок. Така, ако пронајдам нешто што не ми припаѓа, му го враќам на сопственикот“.

Многумина во таа средина биле изненадени од Абиодуновата чесност. Абиодуновите соверници биле радосни поради тоа, но не биле изненадени. Насекаде во светот Јеховините сведоци се познати по нивните високи начела. Меѓу тие начела чесноста не е исклучок; таа е правило, суштествен дел од вистинското христијанство.

Меѓутоа, понекогаш околностите можеби изгледаат дека е тешко да се прави разлика помеѓу она што е чесно и она што не е. Разгледај ја ситуацијава: На Фест, кој се грижел за прилозите и извештаите во едно собрание на Јеховините сведоци во Западна Африка, страшно многу му требале пари.a Неговата жена требало да се оперира и лекарите рекле дека со тоа не треба да се одолговлечува. Болницата како аванс барала половина од парите.

На Фест му недостигале пари. Бил кај неколкумина да му позајмат, но тие го одбиле. Тогаш се сетил на парите за кои тој одговарал и си размислувал: „Дали е во ред да ризикувам жена ми да умре кога можам да сторам нешто како превентива? Зошто да не „позајмам“ од собраниските пари? Ќе можам да ги вратам кога некои луѓе ќе ми ги вратат долговите“.

Фест зел од парите кои не биле негови и ѝ платил на болницата. Дали неговото размислување било во ред? Дали неговата постапка била оправдана од аспект на итноста на ситуацијата со која се соочувал?

Чии пари се тоа?

За да ги анализираме овие прашања, најнапред кратко да се вратиме на неколку точки кои се однесуваат на потеклото и намерата на парите кои Фест ги зел. Парите доаѓаат од доброволните прилози кои ги дале членовите на собранието кои сакале да го унапредуваат чистото обожавање на Јехова (2. Коринтјаните 9:7). Тие не се користат да се дадат плати, бидејќи никој не е платен за она што го работи во собранието. Напротив, парите од прилозите главно се користат за да се добие место за состанување и за грижата околу тоа место, обично Салата на Царството. Тоа овозможува прикладно и удобно место каде луѓето — млади и стари, богати и сиромашни — можат да се состанат за библиска поука.

Чии пари се тоа? Тие му припаѓаат на целото собрание. Ниту еден поединец од собранието не одлучува на кој начин парите ќе бидат потрошени. Додека старешинството раководи со плаќањето на рутинските собраниски издатоци, кога треба да се плати нешто вонредно, старешините ја изнесуваат ситуацијата пред целото собрание заради одобрение.

Позајмување или кражба?

Поради планот да ги надомести парите колку што е можно побрзо, Фест својата постапка ја сметал за позајмување. Меѓутоа, Webster’s New Dictionary of Synonyms (Вебстеровиот нов речник на синоними) користи други зборови за „земање и отстранување на туѓо сопствеништво обично крадешкум или без знаење на сопственикот и секогаш без негова согласност“. Овие зборови се „кражба“ и „крадливец“. Без дозвола или овластување, Фест ги зел парите кои му припаѓале на собранието. Така, со тоа тој бил виновен за кражба. Тој бил крадливец.

Се разбира, постојат степени на прекорување од аспект на мотивацијата која стоела зад кражбата. Можеме тоа да го видиме од примерот на Јуда Искариот кому му била доверена грижата за парите кои ги поседувале Исус и верните апостоли. Библијата вели: „[Јуда] беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него“ (Јован 12:6). Мотивиран од злобно срце и потполна алчност, Јуда одел од лошо на полошо. На крајот паднал толку ниско што го предал Синот Божји — за 30 сребреници (Матеј 26:14-16).

Меѓутоа, Фест бил мотивиран од грижата за својата болна сопруга. Дали тоа значи дека не бил воопшто виновен? Секако не. Погледај што вели Библијата за кражба во една друга таква слична ситуација: „Не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен; ако го фатат, тој плаќа седумпати повеќе, го дава целиот свој имот“ (Изреки 6:30, 31). Со други зборови, кога ќе биде фатен, крадецот мора да се соочи со потполната казна според законот. Според Мојсеевиот закон, морал да го надомести своето злосторство. Така, наместо да го поттикнува или оправдува крадењето, Библијата предупредува дека дури и во итни ситуации крадењето може да доведе до економска загуба, срамота и, што е најсериозно, до губење на Божјето одобрување.

Како Сведоци на Јехова, сите вистински христијани, особено оние на кои им се доверени одговорности во собранието, мораат да бидат пример, „непорочни“ (1. Тимотеј 3:10). Фест не ги добил парите од луѓето кои му должеле и така не бил во можност да ги надомести парите што ги зел. Се дознало што направил. Што се случило со него? Да бил непокајнички крадец, ќе бил исклучен од чистото христијанско собрание (1. Петрово 4:15). Но имал грижа на совеста и се покајал. Затоа, можел да остане во собранието, иако ја загубил својата предносна служба.

Доверба во Бог

Апостол Павле предупредил дека кражбата од страна на оној кој тврди дека му служи на Јехова може да му нанесе срам на Божјето име и на името на Неговиот народ. Павле напишал: „Како тоа учиш други, а себе не учиш? Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; . . . Зашто поради вас името Божјо се хули“ (Римјаните 2:21, 24).

Агур, мудар човек од старо време, укажал на истото. Во својата молитва замолил да не ‚осиромаши и да почне да краде и да го употребува името на својот Бог напразно‘ (Изреки 30:9). Забележи дека мудриот човек признал дека сиромаштвото може да создаде околности кои можат да го искушаат дури и чесното лице да украде. Да, тешките времиња можат да ја испитаат христијанската вера во Јеховината способност да се грижи за потребите на својот народ.

Сепак, лојалните Сведоци на Јехова, вклучувајќи ги и оние кои се сиромашни, имаат вера дека Бог „ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Тие знаат дека Јехова ги наградува своите верни така што им помага да имаат за своите потреби. Исус тоа го истакнал во својата Проповед на Гората со зборовите: „Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? . . . А вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:31-33).

На кој начин Бог ги обезбедува сиромашните во христијанското собрание? На многу начини. Еден начин е преку соверниците. Божјиот народ покажува искрена љубов еден кон друг. Тие сериозно го сфаќаат библиското предупредување: „А кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него — како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов? Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!“ (1. Јованово 3:17, 18).

Во целиот свет во повеќе од 73.000 собранија, преку четири и пол милиони Сведоци на Јехова марливо се напрегаат да му служат на Бог според неговите праведни начела. Тие знаат дека Бог никогаш нема да ги напушти своите лојални. Оние кои му служат на Јехова со години, извикуваат заедно со цар Давид кој напишал: „Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник, ниту потомците негови леб да просат“ (Псалм 36:25).

Далеку е подобро да се положи вера во Бог кој ги вдахновил овие зборови, наместо некој да си дозволи некогаш да биде искушан да украде и можеби да ја загуби Божјата наклоност засекогаш! (1. Коринтјаните 6:9, 10).

[Фуснота]

a Името е сменето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели