Јеховините сведоци ширум светот — Нигерија
НИГЕРИЈА е „забиена“ во свијокот на подножјето на африканскиот западен мев. Лоцирана во Гвинејскиот залив, се наоѓа малку посеверно од екваторот и има повеќе од 88 милиони жители.a
Во текот на изминатите две службени години, подружницата на Watch Tower Society во Нигерија, им посветила особено внимание на младите. Една анкета спроведена во собранијата на Јеховините сведоци покажа дека во текот на 1992, 80 отсто од оние кои почнале да ја проповедаат добрата вест во Нигерија, биле на возраст помеѓу 10 и 20 години. Од крстените во текот на годината, 63 отсто отпаѓаат на таа старосна група.
Младите се стремат кон пионерска служба
Многумина од младите се вклучуваат во полновременото дело на проповедање како пионери. Една пионерка по име Хана, вели: „Кога бев пред крај со училиштето, ги посетив оние кои присуствуваа на Школата за пионерска служба, каде што се запознав со две постари сестри. Си помислив во себе: ‚Ако можат тие две да бидат пионерки, зошто не би можела и јас?‘
И така, по завршувањето на училиштето станав пионер. Три месеци подоцна се запознав со Џозефин, 26-годишна обожавателка на Џуџу. Таа рече: ‚Вие Јеховините сведоци сте лоши луѓе. Не славите Божиќ и не употребувате амајлии‘. Јас ѝ одговорив дека, ако ми дозволи да ја проучувам со неа Библијата, ќе дознае зошто ние не ги практикуваме тие работи. Ме повика да навратам повторно. Наскоро почна да ги посетува состаноците и направи многу промени во својот живот. Во декември 1990, таа се крсти. Од август 1991, Џозефин служи како пионер. Кога минатата година присуствуваше на Школата за пионерска служба, на своите сокласници ме претстави како нејзина духовна мајка!“
Видеокасетата и Салата на Царството
Една од видео снимките на Друштвото, му помогна на едно мало собрание да набави земјиште за Сала на Царството. Додека барале да купат имот, четворица браќа му се обратиле на Онојие — обласниот традиционален владетел. Тој им понудил една парцела за 20.000 наира [1.025 американски долари]. Собранието не можело да си дозволи да плати толку многу, бидејќи имало само 17 објавители кои требало да го финансираат проектот. Онојие рекол дека ќе размисли за некоја друга парцела.
Неколку месеци подоцна, еден од собраниските старешини ја посетил резиденцијата на Онојие. Токму тогаш тој го гледал на видео своето крунисување. Старешината рекол: „Имам една видеокасета што би сакал да ја погледате. Се вика: Jehovah’s Witnesses—The Organization Behind the Name (Јеховини сведоци — организација која стои зад името)“.
Подоцна, старешината го прашал Онојие што мисли за касетата. „Филмот го гледав пет пати“, рекол Онојие. Старешината го потсетил на Салите на Царството што ги видел на касетата и објаснил дека локалното собрание сака да гради нешто слично. Потоа тој прашал дали е можно собранието да купи малку земја која граничи со малата парцела што веќе ја имале. Онојие одговорил: „Минатата ноќ, откако ја гледав касетата, размислував за истото тоа“. Веднаш потоа измерил земјиште во широчина од 6 метри, кое граничело со имотот на собранието. „Може да го имате ова“, рекол тој. „А во должина можете да си земете онолку земјиште колку што ви треба. Подгответе ги документите, а јас ќе ги потпишам“.
[Фуснота]
a За понатамошни информации, види во Календар-от на Јеховините сведоци за 1994.
[Рамка на страница 9]
ИЗВЕШТАЈ ОД ЗЕМЈАТА
за 1993 службена година
НАЈВИСОК БРОЈ НА ОБЈАВИТЕЛИ: 174.582
ОДНОС: 1 Сведок на 507
ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 473.245
ПРОСЕК НА ОБЈАВИТЕЛИ КОИ СЕ ПИОНЕРИ: 19.777
ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 242.028
БРОЈ НА КРСТЕНИ: 8.888
БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 3.289
ПОДРУЖНИЦА: БЕНИН СИТИ, ПРОВИНЦИЈА ЕДО