ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/11 стр. 32
  • Зошто беззакониците напредуваат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто беззакониците напредуваат?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/11 стр. 32

Зошто беззакониците напредуваат?

„ЗОШТО беззакониците живеат?“ Ова прашање било поставено многу одамна од страна на верниот Јов и било повторувано многу пати од негово време па наваму. Веројатно е во мислите на многу луѓе од подрачјето на поранешна Југославија (како што е жената прикажана на нашата насловна страна), кои тажат над оние кои страдаат во оваа трагична војна. Зошто беззакониците преживуваат и дури напредуваат? Како што забележал Јов, честопати „куќите им се во мир и без страв, и жезалот Божји не е врз нив“ (Јов 21:7, 9).

Дали ова значи дека нема никаква корист да се служи на Бог, да се љуби ближниот и да се воздржува од правење зло? Секако не! Библијата ни ја дава исправната перспектива кога вели: „Не тежнеј да ги надминеш злосторниците или да ги имитираш оние кои вршат неправда. Зашто како трева тие брзо се сушат, и како зеленилото во пролет брзо венат. Имај доверба во ГОСПОДА и прави добро“ (Псалм 37:1-3, The New English Bible).

Да, привидниот просперитет на злите е само привремен. Всушност, нивниот живот е многу краток, додека оние кои му служат на Бог имаат величествена надеж за иднината. Наскоро ќе се исполни Божјето ветување: „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:4). Само праведните, а не беззакониците, ќе го доживеат тоа време. Какво охрабрување да се приближиме кон Бог и да научиме да ја вршиме неговата волја, без разлика колку и да се злобни оние околу нас!

Ако сакате повеќе информации или би сакале да Ве посети некој кој ќе води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме, пишете на најблиската адреса на страница 2.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели