ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/3 стр. 29-31
  • Ќе го фалиш ли Јехова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе го фалиш ли Јехова?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Фали го Бог со објавување на добрата вест
  • Достапна помош
  • Помогни им на децата да го фалат Јехова
  • Вечен однос со Јехова
  • Одвоени за да бидеме радосни фалители ширум светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Млади, фалете го Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Славен е Јехова Бог!
    Пејте му на Јехова
  • Славен е Јехова Бог
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/3 стр. 29-31

Ќе го фалиш ли Јехова?

„СПОРЕД името Твое, Боже, е и Твојата похвала до краиштата на земјата.“ Ова се зборови од една пророчка песна на Кореј (Псалм 47:10). Денес, еден силен хор од милиони Јеховини сведоци го фалат Бог и го разгласуваат неговото име проповедајќи ја добрата вест за неговото Царство. Вршејќи го ова во 232 земји и морски острови, на повеќе од 300 јазици, тие дословно ги достигнуваат „краиштата на земјата“.

Што е тоа што ги тера луѓето од различни културни, социјални и јазични позадини да го фалат Јехова? Главната причина е нивната благодарност за точното спознание на Божјата реч, Библијата. Духовната вистина ги ослободила од суеверијата и од таквите поробувачки религиозни верувања како што е вечното мачење (Јован 8:32). Вистината исто така им помогнала да ги ценат Божјите прекрасни особини, како што се неговата љубов, моќ, мудрост и правда ублажена со милост. Кога ќе сфатат дека Бог го жртвувал својот единороден Син, Исус Христос, како откупна жртва за човештвото, чесните луѓе се мотивирани да го фалат Јехова и да му служат.

Според библиската книга Откровение, еден небесен хор извикува: „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“ (Откровение 4:11). Ваквата фалба не е резултат на некакво чувство на одговорност. Наместо тоа, таа произлегува од длабокото почитување на Јехова.

Фали го Бог со објавување на добрата вест

Во фалењето на Јехова, лицето го имитира величествениот пример на Исус Христос, главниот фалител на Бог. Следењето на Исусовите стапки вклучува учество во делото на проповедање на добрата вест за Божјето Царство (Матеј 4:17, 23; 24:14). Оваа проповедничка активност станала ширум светот највеличествениот обид во славењето на Јехова.

Ова дело на проповедање е толку важно што Библијата јасно го поврзува со спасението. Во Римјаните 10:13-15 читаме: „Секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси. Но како ќе Го призоват Оној, во Кого не поверувале? Како, пак, ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? И како ќе проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: ‚Колку им се убави нозете на оние, што благовестат мир, кои го благовестат доброто‘“.

Само во текот на минатата година, Јеховините сведоци му посветиле на делото на проповедање повеќе од милијарда часови. А какви само добри резултати произлегле од ова фалење на Бог! Околу 314.000 се придружиле на хорот на фалители, симболизирајќи го своето предание на Јехова со крштевање во вода.

Сепак, што може да се каже за околу 12.288.917 кои во 1994 година присуствувале на Споменот на Христовата смрт? Помеѓу нив биле преку 7.000.000 кои сѐ уште не го слават Јехова како проповедници на добрата вест. Но, нивната присутност на овој значаен настан може со текот на времето да резултира со приклучување на уште повеќе милиони кон хорот на фалители. Што може да се стори за да им се помогне на овие заинтересирани да станат фалители на Јехова?

Достапна помош

Многу заинтересирани лица можеби имаат желба да го слават Јехова, но чувствуваат дека не можат да ги задоволат барањата. Добро ќе сторат ако ги имаат на ум зборовите на псалмистот: „Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне? Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата“ (Псалм 120:1, 2). Очигледно, псалмистот ги кренал своите очи кон планините на Ерусалим каде што се наоѓал Јеховиниот храм и престолот на теократската влада на Земјата. Од ова може исправно да заклучиме дека помошта која е потребна за да го фалиме Бог и да ја објавуваме веста за Царството, доаѓа само од Јехова и неговата организација (Псалм 3:4; Даниил 6:10).

Денес, оние кои копнеат да го слават Јехова може да очекуваат љубезна помош од неговата организација на Земјата. На пример, Јеховините сведоци нудат помош со тоа што водат бесплатни домашни библиски студии со заинтересираните луѓе. Оваа воспитна програма вклучува многу повеќе отколку само учење на библиските доктрини. Таа му помага на ученикот да развие ценење за она што го учи и за организацијата што ја користи Јехова.

Во склад со ова, Сведокот кој ја води библиската студија се обидува да се увери во тоа дали новооткриените вистини го досегнуваат не само умот туку и срцето. А учителот не би требало да се воздржува од тоа да му покаже на ученикот како ја користи Јехова својата организација за да ја изврши својата намера на Земјата. Брошурата Јеховините сведоци — Обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот и видеокасетата Jehovah’s Witnesses—The Organization Behind the Name (Јеховини сведоци — организација која стои зад името), често пати се докажале како помош за да се постигне тоа.

Христијанските состаноци исто така играат битна улога во помагањето на идните фалители на Јехова. Уште на самиот почеток на една библиска студија, ученикот може да биде повикан да ги посетува христијанските состаноци. Со текот на времето, тој ќе ја запознае важноста на редовното присуствување и учествување на сите собраниски состаноци (Евреите 10:24, 25). Надгледниците можат да дадат непроценлива помош за соверниците и за идните фалители на Јехова така што ќе подготвуваат духовно изградувачки и практични состаноци.

Помогни им на децата да го фалат Јехова

Децата се меѓу многуте кои можат во блиска иднина да станат објавители на добрата вест. Особено татковците ја имаат библиската одговорност да ги воспитуваат своите деца „во науката и стравот Господов“ (Ефесјаните 6:4). Кога се исправно воспитани од своите побожни родители, дури и многу мали деца можат да ја развијат желбата да го фалат Јехова.

Едно мало девојченце од Аргентина, неколку месеци постојано им пристапувало на старешините, барајќи помош од нив за да може да се оспособи како објавител на Царството. Со текот на времето, нејзините родители и стрешините се согласиле да ѝ овозможат да стане некрстен објавител. Таа веќе делотворно ја претставува веста на Царството од врата до врата. Иако ова мало девојченце има само пет години, и не знае да чита, ги запомнило местата на некои библиски стихови. Откако ќе го најде стихот, го замолува домаќинот да го прочита, а потоа таа го објаснува.

Јасно е дека, како старешините така и родителите, можат да сторат многу ако ги охрабруваат и им помагаат на оние кои напредуваат кон тоа да бидат фалители на Јехова (Изреки 3:27).

Вечен однос со Јехова

Но, што ако ти самиот веќе некое време се дружиш со Јеховините сведоци, а сѐ уште не си им се приклучил во нивното дело на проповедање? Можеби ќе биде корисно да си ги поставиш следниве прашања: ‚Дали верувам дека сум ја пронашол вистината и дека Јехова е единствениот вистинит Бог? Дали сум уверен дека Божјето Царство е единственото решение за проблемите на човештвото? Дали сум ги напуштил сите лажни религии и световни навики и обичаи кои го навредуваат Јехова? Дали имам длабока љубов кон Бог и кон неговите праведни барања?‘ (Псалм 96:10) Ако можеш искрено да одговориш со „да“ на овие прашања, што те спречува да го фалиш Јехова? (Спореди Дела 8:36.)

Да го фалиме Јехова вклучува повеќе отколку само да се проповеда добрата вест. Ако си се здобил со точно спознание, ако имаш вистинска вера и ако го прилагодуваш својот живот на божествените барања, треба да го зацврстиш својот личен однос со Бог. Како? Така што ќе извршиш предание во молитва и потоа ќе го симболизираш тоа со крштевање во вода. Во прашање е вечен живот. Поради тоа, реагирај сега на Исусовиот совет: „Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14).

Со сегашниов систем на ствари кој се приближува кон својот катастрофален крај, ова не е време за колебање. Веднаш преземи чекори за едно вечно пријателство со Јехова. Навистина, сега е времето позитивно да се одговори на прашањето: Ќе го фалиш ли Јехова?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели